Свет
Србија
Кандидат на Српската напредна странка (СНС) на престојните претседателски избори во Србија кои се закажани за 3 април, ќе биде лидерот на партијата, Александар Вучиќ, што тој денес и го прифати на седница на претседателството на СНС.
По седницата на Претседателството на СНС, Брнабиќ изјави дека Александар Вучиќ е кандидатот на коалицијата „Александар Вучиќ, можеме се заедно“.
Таа им се заблагодари на своите партнери СПС, ЈС, СВМ што ја поддржаа СНС во ова и што заедно со другите партии и движења излегоа во поширока коалиција со кандидатот Вучиќ.
„Како партија разговаравме претходните недели и не се сомневавме кој треба да биде наш кандидат. Делата го избраа кандидатот, а тие најдобро зборуваат, кажуваат се“, истакна таа!
Изборите ќе се одржат на 3 април!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Србија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.