Интервју

Објавил: Калина Мартинска | 19 јуни, 2024 14:22

Александар Лазовски магистрира на „Харвард“ со просек 10,00: „Се надевамдека ќе имам можност да придонесам за подобрување на образованието во Македонија“

Фото/Текст извор: ©fakulteti.mk

Александар Лазовски магистрира на „Харвард“ со највисок просек и ни раскажа за аплицирањето, впечатоците од студирањето, професорите, начинот на учење, како и за животните лекции што ги стекнал.

– „Харвард“ не само што ги исполни моите очекувања, туку и ги надмина! Тоа е место со долга и богата традиција, со силни морални вредности кои се засноваат на
идејата дека привилегијата на квалитетно образование доаѓа со голема одговорност да се подобри светот. Овие вредности привлекуваат некои од најталентираните и најпосветени умови од целиот свет. Пресреќен сум што имав можност да бидам опкружен со вакви колеги од повеќе од 100 земји – споделува Александар.

Студирањето на „Харвард“ му било сон од детството, но идејата за конечно да аплицира му дошла за време на пандемијата, кога училиштата беа затворени, па со
неговиот тим требало да го создадат и да го лансираат порталот Едуино.

– Како син на двајца родители инвалиди, а подоцна на самохрана мајка која се бореше со сиромаштија и здравствени проблеми за да ми обезбеди добро
образование, овој сон секогаш изгледаше недостижен. Финансиските бариери и сомнежите за мојата способност дополнително ме обесхрабруваа да го направам првиот чекор кон овој сон. Во последните десет години, како коосновач на СмартАп.

– Лабораторијата за социјални иновации, се посветив на решавање комплексни проблеми во нашата држава, особено во областа на образованието. Главната инспирација за конечно да аплицирам за „Харвард“ дојде за време на пандемијата. Тогаш, кога сите училишта беа затворени, заедно со мојот тим ја имавмеодговорноста да го создадеме и лансираме порталот „Едуино“. Преку овој проект, заедно со нашата заедница од над 20 илјади едукатори и нашите партнери, успеавме да обезбедиме бесплатен пристап до квалитетни дигитални образовни
содржини – раскажува Александар и додава дека преку „Едуино“ го видел потенцијалот за промена.

Тој бил пресреќен кога дознал дека е пример на „Харвард“, но многу брзо му сесрушил сонот бидејќи не ги собрал потребните финансии. Сепак, бил упорен и
аплицирал по втор пат.

– Бев апсолутно пресреќен, шокиран, до степен на неверување! За да го остварев мојот сон, потребно беше некако да ги обезбедам потребните финансии. Меѓутоа, за жал, бев одбиен за стипендија од Министерството за образование и наука, а не добив одговор и поддршка и од неколкуте филантропски организации на кои им се обратив. Со други зборови, не успеав да ги приберам потребните финансии во предвидениот рок. Во тие моменти почувствував една неверојатна тежина. Замислете, сте стигнале на врвот на највисоката планина, примен сте на најпрестижниот универзитет во светот, меѓутоа, не можете да ги приберете потребните финансии за да студирате таму… Среќа, благодарение на поддршката од луѓето околу мене и мојата силна волја, не се откажав и продолжив понатаму. Дознав и аплицирав за Фулбрајт стипендијата која ја доделува американската амбасада. Така вторпат успешно аплицирав за „Харвард“, па се одлучија да ми доделат и дополнителна стипендија – со која конечно успеав да ги соберам сите потребни финансии за престој и студии во Америка. Искрено му препорачувам на секој што е заинтересиран за студии во Америка да прочита повеќе за Фулбрајт
стипендијата! – нѐ информира Александар.

Линк до целото интервју за Факултети.мк на Алерксандар Лазовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија