Пандов се претставува како „аналитичар„ но веќе неколку години е без работа и според нашиот извор живее во една луксузна вила а од помошта на неговиот татко кој пак е угледен лекар,

Објавил: Узунов Бобан | 29 март, 2019 8:36

Александар Пандов: Се откажувам од ВМРО-ДПМНЕ, продолжувам како независен

Фото/Текст извор: ©магазин

Политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој во дебатите ги застапува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вчерашната емисија  „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека нема да гласа на претседателските избори на 21 април, односно на 7 мај. 

На ова пратеникот Павле Богоевски му возврати дека го поттикнува бојкотот на претседателските избори, односно апстинирањето на гласачкото тело во вториот круг со цел да не се избере нов шеф на државата, односно како што истакна претставникот на владеачкото мнозинство, да не се дозволи Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ да победи. 

Александар Пандов е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а сега истакнат политички аналитичар. Роден е во 1971 година во Скопје. Како пратеник во Собранието на Република Македонија бил чен на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Бугарија.
Во 1997 година учествувал во студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје. Како член на ВМРО-ВМРО (Вистинска македонска реформска опција, предводена од Борис Змејковски) тој претставува близок соработник на Борис Стојменов. (извор википедија)

Пандов истакна дека и нема да го ажурира членството во ВМРО-ДПМНЕ и ќе настапува како независен. Вредно е да се спомене дека Александар Пандов беше првиот од политичките аналитичари кој промовираше бојкот за претседателските избори со цел делегитимирање на актуелната власт и зачувување на уставното име на државата

Не сум нашол за сходно дека треба да го ажурирам. Подобро се чувствувам во оваа позиција, да бидам независен. Членството во партија ве обврзува. Јас секако дека потекнувам изворно и целото мое политичко битисување претходно било во ВМРО-ДПМНЕ, ги делам најголем дел од  ставовите со ВМРО-ДПМНЕ. Не сум во ниту едно тело на партијата и моето настапување е крајно независно. Таа позиција ми прави да се чувствувам послободно – рече Пандов. оваа одлука Пандов ги подгреа сомнежите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го повика членството на бојкот, доколку по првиот круг увиди дека нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова не може да го победи Пендаровски.

Пандов се претставува како „аналитичар„ но веќе неколку години е без работа и според нашиот извор живее од помошта на негоиот татко које угледен лекат, во една луксузна вила

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...