Можен е пресврт, јас по природа сум оптимист. Верувам дека на изборите, ако не победиме, барем ќе имаме мала разлика и тоа за нас ќе биде голема победа, коментира поддржувач на партијата на Ципрас.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јули, 2019 13:06

АЛЕКСИС ЦИПРАС ПРЕД ПОРАЗ: Централен митинг на СИРИЗА во Атина!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Последниот ден од предизборната кампања, грчкиот премиер и претседател на СИРИЗА, Алексис Ципрас, одржа митинг во центарот на Атина.

Утре во Грција ќе се одржат предвремените парламентарни избори, а според анкетите кои се направени на територијата од Грција, се очекува владиното мнозинство да го освои опозициската Нова Демократија.

 Ципрас најави предвремени избори веднаш откако неговата партија „Сириза“ загуби од конзервативната опозиција како на европските избори. Лидерот на „Нова Демократија“, Кирјакос Мицотакис, останува и понатаму фаворит.

Се претпоставува дека опозицијата ќе добие повеќе од половина од местата во парламентот со 300 места. Во спротивно ќе има нови избори. Покрај Сириза, се очекува во парламентот да бидат и помалите партии како „Движење за промени“, „Комунистичката партија“, и неонацистичката „Златна зора“.

По потекло, мајка му е од Правишта, Егејска Македонија. Студирал градежништвото во Националниот технички универзитет од Атина. По дипломирањето во 2000 година, завршил и постдипломските студии. По ова, тој започнал да работи како градежен инженер во градежната индустрија. Тој напишал неколку студии и проекти на тема на градот Атина.

Ципрас се приклучил на Комунистичката младина на Грција во доцните 80-ти. Во почетокот на 90-тите години, тој бил политички актист, главно насочено против контроверзниот закон на тогашниот министер Василис Контогијанопулос.

Тој станал познат како застапник на ученичко движење. По заминувањето на Комунистичката партија на Грција од Синаспизмос, Ципрас останал во партијата. Како секретар на Младински Синаспизмос тој зел активно учество во процесот на создавањето на грчкиот социјален форум и бил присутен на сите меѓународни протести и маршеви против неолибералната глобализација.

Во декември 2004 година, на Четвртиот конгрес на Синаспизмос, тој бил избран за член на централниот коитет, каде бил одговорен за образовни и младински прашања.
Кога тој бил избран за претседател на Синаспизмос тој имал само 33 години, со што станал најмладиот шеф на една грчка парламентарна политичка партија.
Во 2009 година, на Парламентарните избори бил избран за член на парламентот на Грција за изборна единица во Атина, а од страна на СИРИЗА бил избран едногласно како шеф на парламентарната група.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.