Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4% (53,7 милиони евра).

Објавил: Стојче Бушин | 17 мај, 2020 10:02

Алијанса за Албанците: Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза се потенцира политичката димензија, а не финансиската и економската димензија на буџетот.

Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија, реагираат од Алијансата на Албанците.

-Намалувањето на приходите од буџетот во најоптимистичкото сценарио на Министерството за финансии предвидува намалување за 20%, додека истите се планирани со намалување од само 11,5%! 

Бидејќи сме ограничени во информациите и сè уште не ја знаеме динамиката на рестартирање и отворање на економијата, едноставно се сомневаме дека ова е одржливо планирање на приходите од буџетот. Можеби се планира и некое зголемување на данокот како тој со акцизата.

Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4% (53,7 милиони евра).

Образложението дека е помало зголемување на јавната потрошувачка отколку во земји како Германија, Финска не бара коментар, реагираат од Алијансата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Вкупните приходи пак се помали за 24%, но зголемената акциза и подобрата наплата на придонесите спасиле падот да биде помал од очекуваниот, задоволна е министерката за финансии Ангеловска.

Овој месец се потрошиле за 11% повеќе пари, така што дефицитот во моментов изнесува 307 милиони евра!

Наплатата на данокот на додадена вредност продолжува да паѓа. Во мај се собрале за...

Со кој образ после ова ќе искочите и ќе зборите за работниците и сиромашните?

Јовановиќ: Ангеловска на работниците гледа како потрошна роба- со кој образ ќе излезeте и ќе се борите за сиромашните?

Советникот Бранимир Јовановиќ кој беше дел од тимот на министерот за Финансии Драган...