Случајот „Рекет“ стана уште покомплициран поради фактот што се инкриминираат и други државни функционери, реагираат од Алијанса за Албанците.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 декември, 2019 10:39

Алијанса на Албанците: Да се докаже дали Филипче е вмешан во “Рекет”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако во петокот пред судот Боки 13 ја шокираше јавноста со своето тврдење дека  всушност министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за здравство Венко Филипче се двајца владини функционери кои биле редовни гости кај него дома.

Случајот „Рекет“ стана уште покомплициран поради фактот што се инкриминираат и други државни функционери, реагираат од Алијанса за Албанците.

Нивното соопштение го пренесуваме во целост:

„Еден од сведоците во случајот изјавил дека на една од состаноците во куќата на Боки 13 присуствувал и сегашниот министер за здравство Венко Филипче. Уште и поиронично отколку потврдата за неговото присуство на оваа средба е неговиот изговор за предметната средба со фактот дека тој беше таму да разговара за проект за изградба на болница врз основа на јавно приватно партнерство !!!!!

Министерот за здравство Венко Филипче имал средба со Орце Камчев и тоа во домот на првоосомничениот за случајот Боки. Како што наведе во судницата Боки 13, министерот Филипче во март годинава на Камчев му нудел бизниси кои Камчев ги одбил. Камчев немал намера да влегува во сомнителни активности предожени од Боки 13 и Филипче. Сепак од ова може да се заклучи дека всушност Боки 13 и Венко Филипче блиско соработувале во кримогени активности.

Алијансата за Албанците го потсетува министерот дека јавно-приватните партнерства се вршат со парите на даночните обврзници и дека, затоа, никаде во земјите на Европската Унија, па дури и подалеку, не се слушнало дека договори или планирање кои се во интерес на државата и народот се прават во приватен имот.

Министерот за Здравство има своја јавна канцеларија во зградата на министерството каде може да разговара и да планира градење на згради кои ќе им бидат од корист на граѓаните и здравствената услуга што ја добиваат.

Алијансата за Албанците бара надлежните органи, без политичко влијание, самостојно да докажат дали министерот Филипче е или не е, вмешан во случајот што беше најголем удар врз правдата во земјата.

Сметаме дека состаноци што се одвиваат во приватни домови, надвор од јавни канцеларии и со луѓе инкриминирани и осомничени за злоупотреба и корупција, се и треба да бидат, осомничени за кривични дела“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

При обуката детално им се објаснуваше на наставниците како да ги користат алатките, како да поставуваат материјали, како да го користат Мајкрософт Тимс и како генерално да ја спроведуваат онлајн наставата.

д-р Николче Шулевски за Слободен Печат: Националната платформа нуди квалитетна настава која може да биде подобра и од класичната (ВИДЕО)

Николче Шулевски, докторот по науки за методика во онлајн настава кој е и еден од националните...

Потсети дека на владината седница министерот за здравство Венко Филипче информирал за дебатите што се водат на регионално ниво за отворање на границите во земјите од регионов и оти отвориле дискусија со аргументи за или против отворање на границите, за сите предности или проблематични ситуации што би се појавиле притоа.

Заев: При отворање на границите да се води сметка на здравствениот аспект!

Денеска при посетата на училиштето „Коменски“ во Општина Карпош, премиерот Зоран...

Соња Тошиќ Грлач која е претседателка на Управниот Одбор на болницата во Чаковец, изјави дека пациентот на хемодијализа починал, откако по грешака му бил вбризган дезинфисиенс и изрази сочувство до семејството на починатиот.

По грешка му ставиле средство за дезинфекција- Хрват почина по кобна грешка на медицински лица!

62 годишен пациент од Хрватска починал вчера вечер поради кобна грешка на лекарите....