Додека пресудите продолжуваат да бидат максимални само затоа што обвинетите се Албанци, јавноста не ја дозна вистината за тоа кој бил организаторот, кој даде наредба за пукање без предупредување за предавање кон момчињата во јуначката населба?

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2019 11:58

Алијанса на Албанците со остра реакција: Пресудите се максимални зошто обвинетите се Албанци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера режимот ВМРО-ДУИ со цел дефокусирање на вниманието на јавноста од скандалите на таканаречените бомби, го монтираше случајот Куманово, а денес новиот режим на СДСМ и ДУИ со истата цел и за дневни политики со исти механизми на фаќање на судството, ги потврди невидените казни во Нирнбершкиот процес, реагира Алијансата за Албанците на вчерашното решение и потврдување на казните од страна на Апелацискиот суд за случајот Диво насеље.

Од Алијансата на Албанците се изјаснија за затворската казна за осудените од Диво Насеље

Додека пресудите продолжуваат да бидат максимални само затоа што обвинетите се Албанци, јавноста не ја дозна вистината за тоа кој бил организаторот, кој даде наредба за пукање без предупредување за предавање кон момчињата во јуначката населба?

Дали е вистина дека била издадена наредба за егзекуција на најмалку двајца учесници во конфликтот откако тие се предале, што можеле да откријат овие линчувани лица…?

Само меѓународна истрага би дала одговор за сите овие дилеми, кои ние како Алијанса за Албанците бараме да се случи што е можно поскоро.

Албанците не можат да бидат жртвено јагне секогаш кога политичката класа во Северна Македонија треба да ги покрие своите скандали“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.