
Спорт
Ракомет
Составот на Вардар вечерва успеа да дојде до убедлива победа над Мотор Запорожје од 38-28 и со тоа да обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Македонскиот и европски ракометен првак Вардар патува во осминафиналето на Лигата на шампионите благодарение на домашната победа (38-28) над украински Мотор Запорожје.

После натпреварот тренерот Стевче Алушовски беше презадоволен од она што го прикажаа неговите играчи.
„Сакам да им честитам на момците. Јас бев во Вардар 10 години како играч и никогаш Вардар не бил во полоша ситуација од оваа сега кога е иднината во прашања.
Јас сум горд што имам прилика да работам што вакви момци кои заслужуваат голема почит за се што прават за клубот и Македонија, тие се национални херои.“
„Играчите се свесни во каква ситуација е во клубот, тренираат напорно и спремни се да одговорат на сите задачи и покрај проблемите. Играчите прават Вардар да биде еден феномен“.
„Двата натпревари кои следат ќе бидат тешки. Ростерот е лимитиран, треба да се патува, треба да се игра. Ќе направиме се за да го освоиме тоа петто место кое би ни донело полесен противник“, изјави Алушовски.
Вардар се пласираше во осминафиналето на ЕХФ лигата на шампионите откако во 12. коло го победи Мотор со 38-28. За Вардар ова е прва победа во ЕХФ лигата на шампионите во 2020 година и сега се на 5. место на табелата во Б групата. До крајот на регуларниот дел во групната фаза остануваат уште два натпревари, со Порто во Португалија и со Монпелје во Скопје.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.