Според законот за техничка влада, сега актуелните началници ќе станат заменски на новоназначените, а потписите ќе им бидат врзани односно одлуки нема да можат да носат без взаемна согласност.

Објавил: Сара Фемина | 4 јануари, 2020 16:51

Алфа ексклузивно: Кои се новите началнички позиции што ќе ги назначи министерот Чулев?

Фото/Текст извор: ©алфа

Министерот за внатрешни работи на техничката влада Наќе Чулев одлучи кои началнички позиции ќе бидат сменети во неговиот мандат до одржување на изборите.

Законот дозволува Чулев да направи 15 нови назначувања на челни позиции на сектори, оддели и единици, за кои решенијата се веќе изготвени, пишува Алфа.тв.

Според информациите на Алфа, нови началници ќе има во секторите за внатрешни работи на Скопје, Велес, Битола, Струмица, Штип и Охрид. Нов началник Чулев ќе назначи и на Одделот за организиран и сериозен криминал, Внатрешната контрола, на Одделот за специјални полициски операции, како и на Единицата за интервентна полиција и Единицата за специјални задачи „Тигар“.

Според законот за техничка влада, сега актуелните началници ќе станат заменски на новоназначените, а потписите ќе им бидат врзани односно одлуки нема да можат да носат без взаемна согласност.

Законот дозволува министерот Чулев да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсот од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.

Чулев на министерската позиција е од вчера, тој најави и ревизија на сите нови решенија што неговиот претходник набрзина и во голем број ги додели пред изборот на новата техничка влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Венко Филипче и Зоран Заев веројатно се сложуваат во едно нешто, а тоа е дека на власта не и одговараат масовни собири и протести пред изборите!

Коронавирусот повод за забрана на сите јавни собири. Дали е ова политички инструмент!?

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека на седница на Владата ќе достави...

Во предметот се испитуваа евентуални неправилности околу увозот, рокот на употреба и евентуално предизвикани штетни последици од вакцините. Дополнително за истиот настан кривична пријава поднесе и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Кичево.

МРП вакцините кои беа повлечени биле квалитетни- никој нема да одговара за погрешните налепниците

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција...

Како што велат од таму, работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија.

Две лица ставени во изолација во Битола поради опасност од коронавирус

Од центарот за јавно здравје за „СДК“потврдија дека денеска двајца Бугари кои работат...

Иако се уште нема официјална одлука на Владата за откажување на настани и собири заради појавата на корона вирусот во државата, организаторите донесоа одлука да не се одржи маскенбалот, интернационалната карневалска вечер и детскиот карневал, како и останатите содржини што беа планирани да се одржат во рамки на годинашните карневалски празнувања.

Поради Коронавирусот откажан традиционалниот Струмички карневал

Годинашното издание на меѓународниот Струмички карневал заврши синоќа со одржување...