Тој го замени Алжирецот Абделмалек Друкдел, кој беше убиен од француските сили на северот од Мали во јуни, објави денеска американската агенција СИТЕ, специјализирана за надзор на џихадистичките групи.

Објавил: Мате Парлоф | 22 ноември, 2020 13:41

Ал Каеда има нов водач: Џaихадистите назначија водач од Алжир

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Покрај назначувањето на нов водач, оваа терористичка организација објави дека погубила мисионер од Швајцарија. Терористичката група Ал Каеда именува еден од своите членови, алжирецот Абу Убаид Јусуф ал-Анаби, за нов водач на оваа исламистичка група.

Тој го замени Алжирецот Абделмалек Друкдел, кој беше убиен од француските сили на северот од Мали во јуни, објави денеска американската агенција СИТЕ, специјализирана за надзор на џихадистичките групи.

Поранешниот член на алжирскиот GSPC (салафистичка група за проповедање и борба), кој е на американската листа на „меѓународни терористи“ од септември 2015 година, е исто така шеф на канцеларијата за медиуми на Ал Каеда и редовно се појавува на видеа.

Ал Каеда во пораката навела и дека неодамна ја погубила швајцарската мисионерка Беатрис Стокли, која беше киднапирана во 2016 година во Сахел.

Повеќе од 5.000 француски војници се распоредени во Сахел во рамките на анти-џихадистичката операција „Баркан“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Иако граѓаните треба да ги напуштат своите домови само во исклучителни ситуации, само 20% ја почитуваат таа мерка.

АВСТРИЈЦИТЕ НЕ ПОЧИТУВААТ КАРАНТИН: Само 20 проценти го напуштаат домот само во исклучителни случаи

Тековните податоци за движењето на граѓаните во Австрија покажуваат дека сегашнато...

Анализиран е ризикот од изложеност на азот диоксид, токсичен гас, еден од издувните гасови на автомобилот и изложеност на мали честички што може да вклучуваат чад, прашина и пепел.

НОВАТА СТУДИЈА ОТКРИВА ДРАМАТИЧНИ ПОДАТОЦИ: Десетици илјади луѓе ширум Европа умираат предвреме поради загадувањето на воздухот

Десетици илјади жители на градови низ Европа умираат предвреме поради загадувањето...

Портпаролот на холандската полиција Томас Алинг рече дека пред екстрадицијата, се очекува уапсениот прво да се појави пред судијата, додавајќи дека осомничениот е приведен на аеродромот Шипхол во Амстердам без никакви проблеми!

ГИ ВИКААТ КИНЕСКИОТ ЕЛ ЧАПО: Шефот на азиската НАРКО МАФИЈА, вреден 70 МИЛИЈАРДИ годишно, беше уапсен во Холандија

Холандската полиција објави дека е уапсен наводниот водач на азиската нарко-криминална...