Ќе биде доволен само паметен телефон?!

Објавил: admin@magazin | 9 јули, 2018 16:15

Амазон отвора уште една дигитализирана продавница без продавачи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Amazon пред две години прикажа како ја замислува иднината на купување во продавници – наместо класичниот начин на купување каде што луѓето чекаат во редици на касите и плаќаат со картички или со кеш, компанијата на Џеф Безос има друга визија. Купувањето ќе биде многу поедноставно, при влегување во продавница ќе биде доволно да се пријавите со паметен телефон, да ги земете работите кои ви требаат и да излезете од продавница.

Сето тоа без скенирање на артиклите и без чекање и плаќање на каса – сите производи, секако, ќе се наплатат, но на побрз и поедноставен начин.Во ваквите продавници се наоѓа голем број камери и сензори кои следат се што земаат луѓето од полица и го ставаат во кошница, а кога луѓето ќе ја напуштат продавницата, парите автоматски се одземаат од нивната сметка. При влегувањето во продавница потребно е прво да се пријавите со сметката на Amazon, која е поврзана со платежна картичка, така што компјутерот да знае точно за која личност станува збор и од нивната картичка да ја наплати купената стока.

Досега оваа компанија отвори една таква продавница во Сиетл, а според новите информации, наскоро планираат да отворат уште една продавница без каси во истиот град. Оваа продавница би требало да биде речиси двапати поголема. Освен поголема понуда на производи, во продавницата се очекува и поголем број купувачи. Тоа е битно за компанијата да може да ги тестира своите системи и кога има поголем број купувачи.

Некои аналитичари сметаат дека токму ситуациите во кои има голема гужва може да бидат проблематични бидејќи прашање е дали камерите и сензорите можат да ги следат сите луѓе кои земаат артикли од полиците и можат ли да го наплатат точниот износ. Освен Amazon, на развојот на слични продавници, наводно, работи и Walmart во соработка со Microsoft, но моментално не е познато кога и каде ќе се отвори првата таква продавница. Што се однесува на Amazon, тие уште претходно најавија отворање на Go продавници во повеќе градови. По Сиетл на ред се Сан Франциско и Чикаго.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Иновации

Со оглед на тоа дека квинтилионот е број кој содржи 30 нули, тоа значи дека кога парите би биле рамномерно поделени меѓу сите жители на нашата планета, секој од нас би добил околу 93 милијарди долари.

НОВО СВЕТСКО ЛУДИЛО: Во 2026 НАСА ќе стигне на астероид полн со злато

Постои едно место на кое има толку многу злато и платина, што кога би се продале сите...

Оваа зграда, која е висока 7,2 метри и се простира на површина од 230 квадратни метри, е создадена со помош на оваа футуристичка технологија.

БУМ ВО СВЕТОТ: Кина со помош на 3D принтер изгради зграда висока 7,2 метри (ВИДЕО)

Во градот Хејуан на југот на кинеската провинција Гуангдонг беше испечатена една од...

Ова е прв закон во светот кој овозможува чипирање на одреден број делови на телото на човечката популација.

УДАРНА ВЕСТ: Американскиот парламент го одобри чипирањето на луѓе со аутизам и Алцхајмерова болест!

Иако најпопуларните и највлијателните медиуми, години наназад тврдеа како чипирањето...