
Македонија
Вести
Вицепремиерката и министерка за одбрана, заменик претседателка на СДСМ, Шекеринска, потврди дека власта ги крие амандманите за втората фаза и тактизира.
Се што сега би кажала за тоа што ќе содржат амандманите би било шпекулација заради тоа што се уште сме во процес на изработка на уставните амандмани.
Затоа велам дека има различни размислувања, различни предлози, меѓутоа ако излезевме веднаш со предлог ќе беше многу тешко да се обезбеди двотретинско мнозинство. – изјави Шекеринска.
Ова е одговорот на вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска на новинарско прашање за изјавата на вицепремиерот Бујар Османи за вметнување на Рамковниот договор во преамбулата на Уставот.
Амандманите ги работиме не само заедно со различните пратенички групи, туку и заедно со неколкумина експерти кои ја познаваат уставната материја. Се во меѓувреме ќе биде само шпекулација. Премиерот ги водеше овие разговори со пратеничките групи.
Ние ќе имаме дебата внатре во Владата на РМ, нашиот фокус за уставните измени се однесува на прашањата што произлегуваат од Договорот во Преспа. Има дискусии кои се присутни овие денови, но што и да ви кажам денеска ќе биде шпекулација. – изјави министерката Шеќеринска
Потсети дека премиерот Зоран Заев разговараше со новата пратеничка група, за, како што потенцира, да најдеме заеднички јазик што ќе овозможи и во второ и во трето гласање да се обезбеди двотретинско мнозинство.
На прашањето за тоа дека дека грчки медиуми веќе имаат објавено оти има неформален договор меѓу Скопје и Атина Договорот од Преспа да се ратификува во март, Шеќеринска информира дека морале да функционираат со различни календари.
Една опција беше доколку беше успешно гласањето во Собранието на РМ и тогаш процесот во Македонија можеше да заврши побрзо. Но, моравме да имаме и план како тоа ќе се одрази на датумите доколку одиме прво на предвремени избори, па дури потоа влеземе во процедура на уставни промени. Во тој случај март ќе беше месецот кога ние ќе можевме да го исполниме нашиот дел од обврските.
Меѓутоа, сега немаме дилеми дека овој процес може побрзо да се заврши и со тоа да дадеме шанса и од грчка страна процесот на двете ратификации на договорот, но и нашиот договор за членство во НАТО да бидат дури и порано од март. Но, се ќе зависи од тоа како тече процесот прво во Македонија, па дури потоа во Грција. – изјави Шекеринска.
За Предлог законот за амнестија од ВМРО – ДПМНЕ и изјавата на вицепремиерот Османи дека не се согласува со амнестија, но би ја протнал за одредени луѓе во собраниското тело за помирување, Шекеринска децидна дека на Македонија и треба помирување, но на Македонија и е неопходна и правна држава.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.