Амбасадорот на Франција, Тимоние: имате проблеми со УНЕСКО во Охрид, имате многу корупција, имате проблеми во образованието!

Објавил: Данаил Михајловски | 24 јуни, 2019 14:38

Амбасадорот Тимоние: Имате многу корупција и проблеми, ќе биде тешко за датум!

Фото/Текст извор: ©магазин

Францускиот амбасадор Тимоние денес предизвика изненадување во “Холидеј Ин“, каде во својот настап индиректно најави дека Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ ниту во октомври. На работниот семинар за администрацијата учествуваше и министерот Дамјан Манчевски, а претседавач беше новинарот Васко Попетревски.

Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти, изјави францускиот амбасадор Тимоние, после неколкуте инсистирања на модераторот дека датумот во октомври треба да е сигурен.

На ова модераторот Васко Попетрески, новинар во ТВ Алсат, му постави прашање на амбасадорот: “Добро ако ние не сме спремни, како тогаш Србија преговара а владее режим на Вучиќ, како Црна Гора преговара кога немало политичка промена на власта 30 години?!“

На ваквото прашање амбасадорот Тимоние одговори кратко и отсечно: “Па еднаш се изглупиравме, по втор пат нема да се изглупираме. Тезите дека еве ќе почнеме преговори па после додека преговараме ќе се реформираме, веќе не држат. Нема да се случи тоа, треба да разберете, имате многу проблеми и не треба да се правиме слепи пред нив“. По својот говор, Тимоние на сред конференција стана и ја напушти салата во Холидеј Ин.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, молчеше на овие констатации и ниту зема збор, ниту му реплицираше на францускиот амбасадор. Денес пак токму заменик министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка токму заради немањето на реформи во образованието, и големите проблеми во тој ресор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...