Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 октомври, 2020 14:11

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Фото/Текст извор: ©фокус/Магазин.мк

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди веста за смртта на поранешниот пратеник и претседател на СРМ.

-Семејството Бајрам ми ја јави лошата вест. Бидејќи работам во Белград, веднаш тргнав на пат, се враќам во Скопје. Трогнат сум, немам зборови. Не знам што се случило, ова дојде сосема неочекувано, колку е само животот непредвидлив – вели Али Купи.
Првпат станува пратеник во 1994 година, како член на Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Во изјава за ,,Фокус” од пред две недели, тој раскажа дека се надева како пензионирањето ќе му донесе повеќе слободно време за семејството и приватниот живот, но порача дека не се откажува од своите секојдневни активности во Сојузот на Ромите, каде останува на функцијата претседател.

-Верувам дека и после мене, во парламентот ќе се најдат млади и амбициозни политичари Роми, кои ќе се борат за народот. Комплимент ми е кога ќе ми кажат дека сум еден од најпопуларните политичари Роми во земјава, чие име го знаат сите. Иако пензионирањето ќе ми донесе повеќе слободно време, сепак јас ќе си останам посветен на Сојузот на Ромите, ќе гледам да допринесувам за општеството колку што можам, и на овие години- ни изјави Бајрам, кој ја основаше партијата СРМ во 1996 година.

Поради влошената здравствена состојба му беше извршена ампутација на ногата, и тогаш ни изјави дека се помирил со судбината, и гледа само напред.

-Сега сум во количка, но наскоро ќе ставам протеза. Што е тука, тоа е, нема бегање. Се привикнувам на новата состојба, имам големо семејство, сите се тука околу мене, не се жалам на ништо – раскажуваше Бајрам.

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

-Само во Македонија изгледа доаѓа ред да треба човек да ја демантира својата смрт. Жив и здрав сум, тој кој ја објавил таа лажна вест, со самиот гест покажува за себе, каква личност е. Семејството ми го вознемири, на чест нека му стои – ни изјави во таа прилика Амди.

Минатата недела, повторно беше во центарот на вниманието, кога поради забраната за свадби во земјава, направи свадба за внуката Перјан во Истанбул, Турција, на брод.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е! Време е Македонците повторно да се борат и изборат за својте правдини, реле Мицкоски на протестот!

Мицкоски: Оставка на Заев, слобода на народот- да ја ослободиме Македонија

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се обрати од пред Владата, на протестот...

Проблемот со историјата е во тоа што погрешните и лажни толкувања на настаните и луѓето имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава говор на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, што за нас е апсолутно неприфатливо“, смета Захариева.

Захариева се закани: Се додека постои говор на омраза во Македонија, ќе биде блокирана од Бугарија!

Бугарија го блокира почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската...

Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

Црвенковски го замрзна членството во СДСМ и побара сите да се оградат од ставовите на Заев

Бранко Црвенковски, поранешниот Претседател на Република Македонија, основач и долгогодишен...

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид на отпад да се одложи во центрите за селекција на отпад на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

ЗА „BLACK FRIDAY“ ОДЛОЖЕТЕ ГО КАБАСТИОТ ОТПАД НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО

Град Скопје оваа година спроведува кампања за правилно одложување на кабастиот отпад...