
Македонија
Вести
Пратеникот, Амди Бајрам, вели дека не бил присутен на вчерашната собраниска седница на која беше изгласан Закон за амнестија за дел од обвинетите за немилите настани во Собранието.
Бајрам е регистриран во списокот како пратеник кој не гласал, а не како пратеник кој не е присутен, па сепак тој вели дека во тоа време бил на Клиника каде примал инфузија.
Не бев во Собранието после паузата. Морав да одам во болница да примам инфузија, поради оперативниот зафат кој го имав на ногата. Секој ден одам да примам инфузија по три саати. Инаку го поддржувам законот, поддржувам амнестија и ќе гласав да бев таму. – вели Бајрам.
Заедно со Бајрам уште 16 други пратеници не гласале за амнестијата, додека осуммина воопшто не биле присутни вчера во Собранието.
Законот беше донесен со 95 гласа „за“ и ниту еден против.
Меѓу останатите 16 пратеници четворица се од најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ. Од таму се уште нема објаснување зошто на вчерашната седница дел од нивните пратеници не гласаа согласно партискиот став.
Меѓу вмровските пратеници кои не гласаа се Антонијо Милошоски, Лилјана Затуроска, Дафина Стојаноска и Благица Ласовска.
Одбил да гласа и пратеникот од ЛДП, Горан Милевски, кој го најави тоа при неговиот реизбор за лидер на партијата.
Меѓу оние што не гласаа се Амди Бајрам и Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците.
Од ДУИ освен претседателот Али Ахмети, за амнестијата не гласаше ниту пратеникот Џеват Адеми.
Не гласаа ниту пратениците на БЕСА, Африм Гаши, Теута Биљали, Фадил Зендели, Реџеп Мемеди, Неџбедин Карамани.
А своето право на глас не го искористи ниту пратеничката на ДПА Мерал Ферати Узеири.
Обвинетите сега имаат рок од пет дена по донесувањето на законот да поднесат индивидуално барање до Судот и јавното обвинителство, кои се надлежни за случајот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.