– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

Објавил: Владо Марин | 13 август, 2020 16:50

Американската амбасадорка му го честиташе мандатот на Заев

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот за состав на нова влада, кој претходно му го додели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

За мандатор за состав на Владата на Република Македонија го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ, кажа претседателот Стево Пендаровски од Вила Водно.

Без обезбедено парламентарно мнозинство, лидерот на СДСМ, Зоран Заев стана мандатор и доби 20 дена за состав на новата Влада.

Врз основа на известување дека преговарал за добивање 61 пратеник во Собранието, претседателот на државата Стево Пендаровски му го додели мандатот на лидерот на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Твитер

Револтирана од случувањата во државата последната година, таа вели дека Атиџе и документарецот не се реалноста за случувањата во оваа држава, туку актуелните рекетарски случаи и корупцијата.

Ганка Цветанова: Атиџе и „Медена земја“ не ја отсликуваат македонската реалност

Поранешната министерка за култура Ганка Самоиловска – Цветанова на својот Твитер...