Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот!

Објавил: Стојче Бушин | 29 мај, 2020 10:31

Американски и грчки воени авиони со прелет над Скопје ќе ни посакаат добредојде во НАТО!

Фото/Текст извор: ©Flesh.mk

Американски воени авиони денеска со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Македонија во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот.

Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиона на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Македонија. Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром.

Американски воени авиони денеска со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Македонија во НАТО, информираат од Министерството за одбрана!

Нашите американски сојузници испраќаат силна порака дека нашите две земји одржуваат одлична соработка и дека по континуираната поддршка што ни ја даваа на патот кон НАТО, и по влезот во Алијансата остануваат и понатаму наш силен сојузник и стратешки партнер, потенцира министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и ќе имаат 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Доколку временските услови го озвозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје.

Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук. Демонстрацијата на овој прелет ќе биде уште една потврда за срдечниот прием на Македонија во НАТО и сигнал за продолжување на соработката, велат од МО.

Членството на Република Македонија во НАТО започна со широка поддршка од страна на сојузничките земји, која се покажа и при здравствената криза од коронавирусот со бројни донации во медицинска и заштитна опрема од страна на сојузниците. Како нова членка на НАТО, Република Македонија е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната Галичка свадба може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28 август.

Одложена културно-сценска манифестација „Галичка свадба“

Соочени со предизвикот на Ковид-19 и во интерес на заштита на јавното здравје како врвен...

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

ДЕНЕСКА Е ИВАНДЕН – Празник за лекување болести и за добивање потомство

Денеска е раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден). Пророк кој оди пред Спасителот! Меѓу...

Илјада години лежат моштите на светителот во манастирот. Повеќе пати правени се и чесни и нечесни обиди, да се поместат, но секогаш без успех.

Во петок го славиме светецот кој имал моќ да лекува и за време на животот и по смртта

За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу...