Пациентите мора да ја примат инфузијата што е можно поскоро откако ќе им биде дијагностициран ковид-19 или во рок од 10 дена од почетокот на симптомите!

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 февруари, 2021 13:34

АМЕРИКА ИТНО ОДОБРИ ЛЕК ЗА КОРОНА: Врз основа на комбинација на антитела го намалува ризикот од смрт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) итно го одобри лекот против ковид-19 на компанијата „Илија Лили“ врз основа на комбинација на антитела.

Според резултатите од доцната фаза на тестирање на лекови, потврдено е дека терапијата со овој препарат од компанијата Ели Лили се заснова на употреба на две антитела кои го намалуваат ризикот од тешки форми на заболување и смрт кај пациенти.

„Употребата на овој препарат е дозволена за третман на умерени симптоми кај пациенти на возраст од 12 години и постари, кои се изложени на ризик или веќе биле хоспитализирани“, стои во соопштението на американската компанија Елија Лили.

Лекот се препорачува за пациенти постари од 12 години кои имаат ризик да развијат сериозни форми на болеста или да бидат хоспитализирани. Ново одобрената комбинација, наводно, вклучува доза од 700 милиграми бамланивимаб и 1.400 милиграми етезевимаб, а оваа комбинација на антитела ќе се прима со инфузија.

Пациентите мора да ја примат инфузијата што е можно поскоро откако ќе им биде дијагностициран ковид-19 или во рок од 10 дена од почетокот на симптомите!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност кон вакцините и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирусот.

СЗО следи нов сој на коронавирусот, наречен „му“

Светската здравствена организација (СЗО) следи нова мутација на коронавирусот, наречена...

Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година по мигрантското прашање, го истакна и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на брифинг со новинарите.

Грција подигна ограда на границата со Турција: Не смее да се случи мигрантска криза како во 2015 година

Грција ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција...

Во последните 24 часа, Словенија тестираше 2 228 примероци, од кои 385 се позитивни на коронавирусот, објави Националниот институт за јавно здравје.

Бројот на заразени во регионот и натаму расте

Во голем број земји во регионот, бројот на новозаразени со корнавирусот продолжува...