Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности.
Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот побара од Конгресот дополнителни 33 милијарди долари за поддршка на Украина во нејзиниот тековен конфликт со Русија.
Која е логиката да даваш 33 милијарди долари а во исто време да должиш 31.83 Трилиони Долари?
Од каде толку пари на најзадолжената земја во светот?
Според последните статистики од 30 Април 2022, Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.
Со ова САД задолжија најмалце 5 генерации.
Ова не е тајна. САД имаат дефинитивно “биг” проблем и тоа најдоцна во оној Момент кога ќе биде урната нивната Валута. Што значи тоа:
Се чини дека историјата се повторува. Американскиот федерален резервен систем (ФЕД), слично на германската Бундесбанка, најави дека во наредниот период ќе бидат испечатени многу повеќе од 1.000.000.000.000 нови банкноти во долари.
Се разбира, повеќето луѓе не се свесни што значи тоа.
Американците не мора да извезуваат задазаработат, тие едноставно печатат толку долари за да го платат долгот.
Всушност, многу едноставно решение, но единствениот проблем е што доларот ќе изгуби огромна вредност во САД и на меѓународно ниво. Во САД веројатно нема да дојде до тоа, но можеби на самиот крај, после постојаното печатење на пари, ќе се појави нова американска валута.
Но прашањето денес е како ќе се однесуваат Кина и останатите земји кои имаат акумулирано енормни девизни резерви во долари???
Ете токму затоа Америка мора даводи војни, бидејќи тогаш најмногу заработува.
Но времето на Америка истекува, само е прашање на време кога ќе пукне внатре во земјата и ќе избие граѓанска војна, бидејќи овој пат Русија и Кина ќе и го урнат доларот.
А тогаш Америка нема да може да печатат пари или едноставно кажано тоа повеќе нема да функционира.
Затоа сега САД прават се за војната во Украина да трае што е можно подолго бидејќи тоа значи и подолго одржување во живот!!!
Васко Белески
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.