Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда.

Објавил: Сара Фемина | 11 септември, 2019 18:10

АМЕРИКА НЕ ЗАБОРАВА: 18 години од најголемиот терористички напад во историјата на човештвото!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Исламистите од „Ал Каеда“ на 11 септември во 2001 година го извршија најголемиот терористички напад во историјата на човештвото во Америка.

Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда. Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија.

Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон. Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите во Њујорк, после што и двете кули се урнале, по нив и две соседни згради, а уште три згради биле тешко оштетени.

Терористите намерно одбрале за киднапирање големи авиони кои биле тргнати на подалечни дестинации, и поради тоа полни со гориво, секој со по околу 90.000 литри. Во секој од авионите имало барем по еден киднапер кој имал пилотска обука. Терористите го убиле екипажот со мали скалпери, и го презеле управувањето во авионите.

Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати.

Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи.
Терористичките напади предизвикале огромни економски штети: отштетните побарувања од осигурителните компании достигнале вкупен износ од 20,7 милијарди УСД, а акциите на њујоршката берза изгубиле во вредност 1,2 трилиони долари.
Политичките ефекти биле што повеќето земји донеле нова легислатива за борба против тероризмот, а САД заедно со своите сојузници објавиле Војна против теророт. Во рамките на оваа војна, преземени се широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот, како и воено освојување на земји кои го поддржувале тероризмот – како Авганистан и Ирак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител.

Денеска се празнува Свети Климент Охридски Чудотворец

Денеска на осми декември се одбележува како Ден на св.Климент Охридски Чудотворец,...

Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.

ПРАЗНИЦИ СЕ БЛИЖАТ, РАДОСТИ СЕ НИЖАТ: ДАЛИ ПОСТОИ ДЕДО МРАЗ?

Дедо Мраз претставува личност во северноамериканската култура, од легендарен, митолошки...