Во соопштението е наведено дека ударите од ветерот се се посилни и моментално дуваат со 100 километри на час. Во текот на ноќта се очекува дека ќе бидат уште посилни.

Објавил: Сара Фемина | 12 јули, 2019 21:04

АМЕРИКА ПОД ВОДА: Трамп прогласи вонрендна состојба во Луизијана, УРАГАНОТ БЕРИ СЕ ПРИБЛИЖУВА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што соопшти денеска Американскиот национален центар за урагани, тропската бура Бери се зајакнува додека се приближува кон крајбрежјето на Луизијана, а се очекува да се создаде ураган кога ќе допре до тлото во сабота.

Во соопштението е наведено дека ударите од ветерот се се посилни и моментално дуваат со 100 километри на час. Во текот на ноќта се очекува дека ќе бидат уште посилни.

Денес бурата беше на 155 километри југозападно од реката Мисисипи, со силни ветрови од 85 километри на час.

Претседателот на Америка, Доналд Трамп веќе прогласи вонредна состојба во Луизијана.

Ураганот Бери се приближува и во Њу Орлеанс чии жители минатите денови веќе се соочиле со обилни поплави. Во Њу Орлеанс се подготвуваат обилни и силни врнежи, а бурата вечерва или утре изутрина може да се претвори во ураган од прва категорија пред да стигне до крајбрежјето на Луизијана.

Наредени се итни евакуации на околу 10.000 лица во овој регион.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Денеска во Австралија илјадници ученици излегоа  на улиците на поголемите градови , како најава за протестот што ќе се одржи во целиот свет и во кој младите бараат од политичарите да преземат итни мерки против климатските промени.

Протест против климатските промени ширум светот- масовна излезеност во Австралија, милиони се очекуваат во Њујорк

Во околу 150 земји ширум светот младите ученици организираат протести против климатските...

Тој присуствува на состанокот на Воениот комитет на НАТО, кој се одржал во Љубљана минатата недела, а теми на средбата биле Авганистан, Ирак и Косово.

НАТО во паника: Американски генерал јавно признал: Русија не престигна, итно ни е потребна нова тактика

НАТО ја губи воената предност над Русија, поради што е покрената редефиниција на стратегијата...

Интересно е тоа што оваа апликација ги синтетизира сите податоци пријавени во реално време од дирекцијата за јавната трансформација, а шефот на државата има пристап до активностите на целиот владин тим на Едуар Филип.

Макрон со помош на апликација ги контролира своите министри и нивната активност

Францускиот претседател Емануел Макрон користи апликација со која има пристап до...