Во Америка живеат 42 милиони луѓе кое се сиромашни или се на работ на егзистенција. 9 милиони луѓе не добиваат никаков приход од државата и едвај преживуваат наведува Америчкото биро за пописот на домаќинства оваа година.
Тоа се застрашувачки податоци на кој никој не останува рамнодушен, а исто така и многу чуден бидејќи Американските политичари често знаат и сакаат да ги решаваат проблемите во другите држави во светот а самиот факт дека Американците едвај преживуваат не го земаат во предвид.
Податоците покажуваат дека 0,1 % од најбогатите американски фамилии има богатство колку 90 % од сите домаќинства во Америка.
Секое петто дете во Америка преживува благодарение на народната кујна, а како што известува американската телевизија CNN дека во САД постојат 1,5 милион луѓе кои заработуваат помалку од два долара дневно, а 46 милиони луѓе користат јавна кујна и храна на доброволни центри.
На основа од истражувањето на луѓе кои се од различна раса Афроамериканци се 22 % сиромашни,кај Јужно американци процентот изнесува 19,4 кај Азијати 9 % а луѓе што се од бела раса 8,8 %.
Податоците од Америка покажуваат дека пола млади американци што се до 25 години околу 46 % живеат кај своите родители.
Ова се застрашувачки информации и факти кои доаѓаат од САД.Повеќето од домаќинството е изложено на сиромаштија и немаштија и можеме да констатираме дека Америка има сериозни економски проблеми кои се надеваме ќе ги решат наскоро.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.