Исто така во The Jerusalem Post се наведува дека во целта оваа приказна се вмешани и високи воени службеници, претставници на Пентагон и советници на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Објавил: Весна Петровска | 18 јуни, 2019 19:32

АМЕРИКА ЌЕ ГО БОМБАРДИРА ИРАН- во ОН тоа одамна го знаат

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Американската администрација ја разработува идејата за бомбардирање на иранскиот објект поврзан со нуклеарната програма, пишуваат странските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори во ОН.

Иранските медиуми наголемо пишуваат за бомбардирањето кое Америка го планира

– Станува збор за форсирано бомбардирање кое ќе има една конкретна цел, наведува израелскиот весник од свои извори.

Исто така во The Jerusalem Post се наведува дека во целта оваа приказна се вмешани и високи воени службеници, претставници на Пентагон и советници на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Оваа одлука била тема на разговор во Белата Куќа и пред неодамнешната изјава на Иран за зголемување на производство на ураниум, стои во соопштението.

Самиот претседател на Трамп, според пишувањето на весникот не покажува ентузијазам за воено решение на иранскиот проблем, но сепак може да направи притисок во Советот на државниот секретар на САД Мајк Помпео.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.