околку познавате личност што се подготвува за вакво патување, треба да ѝ однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Објавил: Стојче Бушин | 12 мај, 2020 9:12

АМИН БОЖЕ: Денеска е Свети Василије Острошки- СВЕТЕЦОТ кој прави чуда!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 април. Денеска е Св. Василиј Острошки.

Свети Василиј Острошки е родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин.

Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сѐ потежок и потежок.

Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останаа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден.

Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.

Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело. Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодати.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој тој што доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивни близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако решите да побарате помош од овој светец од денеска мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.
Доколку познавате личност што се подготвува за вакво патување, треба да ѝ однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Често се случува ова да го прават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на свети Василиј, па се верува дека таму преноќат маслото, памукот и темјанот, се лекуваат сите болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Несреќата се случила во Церово, кај Богетиќ, кога се судриле автобус и патничко возило, по што слетале од патот.

Свети Василије Острошки ја исполни молбата на очајниот татко: Ќерка ми беше во автобусот на смртта и светецот го спаси моето дете!

Утрово во судир на автобусот на компанијата „Глужица“ од Никшиќ и автомобил, загинаа...

Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата.

Денес е СПАСОВДЕН: Вознесение Христово!

Вознесение Христово или Спасовден — христијански празник кој се слави 40 дена по Велигден....

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување.

Муслиманите ширум светот денеска го слават РАМАЗАН БАЈРАМ!

Припадниците на исламската вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам. Рамазан...