Синоќа бил ограбен станот на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како “благодарност” од криминалците што претходно ги амнестираше владата на Заев.
Грабежот се случил во периодот од 20:45 до 22 часот, а од домот на Манчевски биле одземени предменти во поголема вредност.
Според неофицијални информации, на местото на настанот излегле повеќе началници, по наредба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Извори од полицијата посочуваат дека извршители на ова кривично дело биле некои повратници, амнестирани со Законот за амнестија што го изгласа Собранието на почетокот на годинава.
Oд МВР не споделуваат информации.
Со Законот за амнестија се ослободија од издржување на затворска казна осудени лица на кои им е изречена казна до шест месеци. А, оние што добиле над шест месеци, се ослободија од издржување на 30 отсто од целокупната казна.
Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.