Македонија
Сообраќај
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла има намалена видливост од 50 до 100 метри на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка, Маврово и планиниските премини Плетвар и Стража.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Сообраќај
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.