Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен!

Објавил: Стојче Бушин | 3 јуни, 2020 7:31

АМСМ: Состојба на патиштата во Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Градежните работи се изведуваат на потег од крстосницата кај улиците 15.Корпус и Методија Андонов - Ченто до крстосницата со улицата Петре Филиповски – Гарката и свртувањето кон улицата Перо Наков и Металски Завод – Тито, во вкупна должина од 870 метри.

СЕ АСФАЛТИРААТ ПЕШАЧКИТЕ И ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ ВО МАЏАРИ

Деновиве започна асфалтирањето на пешачките и велосипедските патеки на дел од улицата...

Оттаму истакнуваат дека ќе продолжат со својот строг распоред за дневно чистење на целата флота, при што целиот авион ќе биде дезинфициран преку ноќ во согласност со официјалните упатства.

Виз Ер: Обновени рутите од и до Македонија, достапни 34 дестинации

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер објави дека со повторното отворање на рутите...

Како и за влез во аеродромската зграда, така и за користењето на овој превоз за патници, важат истите правила за заштита од КОВИД-19!

ТАВ: Повторно во функција организираниот автобуски превоз за вас од Меѓународниот Аеродром до клучни станици во Скопје

Организираниот автобуски превоз за вас од Меѓународниот Аеродром Скопје до клучни...