Претседателските избори ги "оладија" односите во владината коалиција ?!

Објавил: Узунов Бобан | 8 мај, 2019 10:33

АНАЛИЗА: ДУИ ќе отвори фронт со СДСМ за да се врати во игра ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателските избори за петтиот претседател на Македонија отворија и неколку дилеми како ќе се развиваат односите помеѓу СДСМ и ДУИ имајќи предвид дека двете партии атакуваат на албанаскиот електорат. Кои ќе бидат нивните следни чекори ?  

Првиот круг на претседателските избори го одбележа слабата излезност кај албанскиот електорат со што беше вклучен аларамот кај владејачките социјалдемократи дека ДУИ го “бојкотирала” првиот круг со цел да добие подобра преговарачка позиција за вториот круг, а резултатот на тоа беше тесниот резултат помеѓу Гордана Сиљанвоска и Стево Пендаровски. Албанската опозиција предводена од Алијанса за Албанците и Река со освоени 80.000 албански гласачи излегоа со став дека ДУИ е на колена и не е репрезент на албанскиот електорат во Македонија.


Албанските политички партии на последните парламентарни избори сите заедно освоија 210.000 гласови, а СДСМ според некои проценки во 2016 година доби исто така околу 40.000 албански гласови. Во првиот круг Стево Пендаровски ја потврди бројката  од 40.000  албански гласови и имајќи го предвид “бојкотот” на ДУИ ова се албанските гласачи кои ДУИ ги има изгубено во сите изборни циклуси, а се на контото на СДСМ. Без 40.000-те албанските гласови на СДСМ, ДУИ е во мртва трка со Алијанска за Албанците и БЕСА (сега поделена) кои заедно освоија на претседателските избори 80.000 гласови, а на парламентарните избори вкупно двете партии имаа 92.000 гласови.

ДУИ ќе мора да отвори фронт со СДСМ за да ги придобие албанските гласови кои се на на контото на СДСМ доколку сака да се врати во игра и да ги победи Алијанса за Албанците и БЕСА на следните парламентарни избори.


За  ДУИ да остане во игра за формирање на владата после парламентарните избори кога и да се одржат има две опции, прво ќе мора да се одлучи да оди во предизборна коалиција со СДСМ  за да го амортизира губитокот на албанските глсачи кои се на конто на СДСМ или второ, да отвори фронт со СДСМ кои што би бил со националистичка пропаганда и да се обиде да ги врати овие изгубени 40.000 албански гласови.

Од евентуалната предизборна коалиција на СДСМ и ДУИ, најголем губитник би биле социјалдемократите со оглед на негативниот рејтинг на ДУИ кај Албанците и меѓународната заедница како партија со криминално предигре. Многу ќе биде тешко за шарените револуционери и неопределните гласачи Македонци и Албанци на следните парламентарни избори да ја проголтаат горката пилула ДУИ. 

Дека фронтот се отвара се и последните изјави на Артан Груби и Зоран Заев. Артан Груби на 5 мај на својот фејсбук профил напиша: “Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на Собрание, Али Ахмети и ДУИ прават Премиери, Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на државата ,Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата П О Б Е Д Н И Ц И.”

Премиерот Заев на ова експресно му одговори на Груби: Да не се чаталиме многу, никој не ги носи гласовите на граѓаните во џеб, ниту политичарите, ниту партиите. Видовме дека во изборот на претседател имаа влијание гласовите од сите етнички групи и партии и Стево Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани.

Зоран Заев после првичниот шок од резултатите од првиот круг ја лансираше операцијата “Метла”,но немаше храброст да изјави дека метлата ќе заигра и за фунцкионерите на ДУИ. 

Артан Груби во интервју по однос на метлата која ја најави Заев изјави: “Ние не признаваме никаква метла за нашите функционери, се работи за луѓе, човечки судбини, ќе направиме анализа и последниот збор ќе го има лидерот Али Ахмети”.

Со ова уште еднаш се потврди дека Заев нема контрола врз извршната власт управувана од страна на ДУИ и дека допрва ќе претстои битка помеѓу СДСМ и ДУИ за албанските гласови, СДСМ за да остане на власт, ДУИ за да го задржи епитетот на најголема албанска партија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...