Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски.

Објавил: Македонка Димкин | 3 март, 2020 13:17

Ана Дурловски во Женева: Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна

Фото/Текст извор: ©магазин

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски.

Уште поголемо би било задоволството да можевме сите да ја слушнеме нејзината изведба на Marguerite de Valois во операта “Хугените” („Les Huguenots“)  на германскиот композитор Giacomо Meyerbeer.

Таа привилегија ја имаа само околу 1000 посетители на Grand Theatre de Geneve, бидејќи швајцарските власти превентивно, поади опасноста од корона вирусот, забранија собири на повеќе од 1000 луѓе. Критичарите во суперлативи ја опишаа нејзината интерпретација. Велат “Ни металниот призвук во гласот, ни нерафинираниот француски нагласок не ја намалија вредноста на нејзината цврста и сигурна песна. Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна, поготово кога великодушно се вдаде во одигрувањето на забавната сцена на заведување на Раул,толкуван од Американецот John Osborn.”

Свесни дека денес операта “Хугените”  (“Протестанти”) не е возможно да се претстави во оригиналниот облик, режисерите Jossi Vieler и Sergio Morabito одлучиле љубовната приказна помеѓу протестанти и католици, толку испреплетена со историскиот контекст на Meierbeer-овата опера да ја освежат со сместување на дејствието во филмско студио во златното време на Холивуд. Да отидат толку далеку што со многу хумор кој ќе ги олесни трагичните историски моменти во кои се збива дејствието ќе го опуштаат гледачот.

За финалето испланирале бурлеска меѓу кралицата Marguerite de Valois (Ана Дурловски) и Raoul Huguenot, што од сите беше опишано како сјаен сценски момент.

За крај, главниот збор повторно го даваме на швајцарсите критичари. Тие велат дека John Osborn, Rachel Villis-Sørensen и Ана Дурловски триумфираа во своите главни улоги, под визионерската музичка режија на Marc Minkovski

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна.

Холивудската ѕвезда од Атиџе доби МЕД: Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“

Легендарната холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм се пофали дека...

Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Се огласи тимот на “Медена земја”: Ви благодариме што верувавте во нас – Атиџе ни беше ѕвезда водилка

Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои...

Се надевам дека после ова ќе заработи, тоа секако зависи од дистрибутерот „Неон“ кој ги има овие права, вели Горјан Тозија- Медо, директор на Агенцијата за филм.

АТИЏЕ НА ВРВОТ ДО СВЕТСКА СЛАВА: Еве колку пари заработи “МЕДЕНА ЗЕМЈА” во Америка!

Сите сме во исчекување дали „Медена земја“ на Ноќта на оскарите ќе испише историја. ...