МВР потврди, сопственикот на „Дурмо турс“ сам себе си прави технички преглед, Дурмиш Белули е сопственик и на станицата за технички преглед на возила „АМЗ – Гостивар“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2019 0:21

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово?

Фото/Текст извор: ©Дреницапрес / макфакс

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија излизган на пат кон Приштина. Автобусот два дена стоел покрај автопатот пренесува денес МакФакс 

Косовскиот портал „Дреница прес“ лани на деветти март известил дека со полиција и кранови се извлекува автобус на оваа компанија.

Тогаш косовскиот медиум пишувал: „Иако инцидентот се случи вчера, полицијата денес се обидува да го извлече автобусот. ’Дурмо турс’ сообраќа секојдневно од Скопје до Приштина и обратно. Не е познато дали имало повредени патници“, јавил пред речиси една година овој косовски медиум.

Дали би се возеле со автобуси чија фирма сама си врши технички преглед?

Министерството за транспорт и врски денес информираше дека „Дурмо турс“ има 18 линии за меѓународен превоз и 36 сертифицирани возачи, покрај меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар на која се случи несреќата во која загинаа 14 лица.

„Дурмо турс“, според Министерството за транспорт за меѓународниот и за меѓуопштинскиот превоз, има вкупно 40 автобуси.

Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата „ДУРМО- турс“ во изјава за Телевизија 24 потврдува дека техничкиот преглед  на автобусот на Дурмо турс е направен во неговата станица за технички преглед, со нагласок дека техничката проверка и потврда гарантира техничка исправност на возилата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Во вторникот попладне во општината Новаци се случил страшен инцидент откога еден од вработените беше нападнат од негов претпоставен.

ИНЦИДЕНТ: Физичка пресметка помеѓу вработените во Општина Новаци!

Физичка пресметка помеѓу вработените во Општина Новаци!  Во вторникот попладне...

Според истрагата имало пропусти во обезбедувањето на затворот па од морални причини Ѓоко најави оставка од функцијата. 

Директорот на затворот „Шутка“ се уште не поднесе оставка иако вети

Ѓоко Котевски, директорот на истражниот затвор Шутка се уште не поднесе оставка иако...

Красниќи со закана: Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, стои во заканата на Красниќи.

Трајко Вељаноски сигурно ќе биде тепан и малтретиран, доколку оди во притвор!

Со притворот на Миле Јанакиевски и Спире Ристовски и нивното претепување од страна...