Пред утрешниот состанок меѓу Меркел и премиерите на 16 федерални покраини за ограничувачки мерки, канцеларката рече дека основните училишта, градинки, фризери и малопродажба треба да имаат приоритет во олеснувањето на мерките.

Објавил: Сара Фемина | 9 февруари, 2021 20:12

АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Заклучувањето на Германија ќе трае до крајот на февруари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека заклучувањето во Германија треба да трае до крајот на февруари.

Тоа им го соопшти на пратениците на нејзината Христијанско-демократска унија, пренесе Ројтерс.

Пред утрешниот состанок меѓу Меркел и премиерите на 16 федерални покраини за ограничувачки мерки, канцеларката рече дека основните училишта, градинки, фризери и малопродажба треба да имаат приоритет во олеснувањето на мерките.

Меѓународниот тим кинески експерти и експерти од Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека животното од кое потекнува коронавирусот не е пронајдено и оти нема индиции дека бил присутен во кинескиот град Вухан многу порано пред да биде откриен.

Преносот од животното е веројатен, но „сè уште не е идентификувано“, изјави на прес-конференцијата шефот на делегацијата кинески научници, Лианг Ваниан.

– Нема доволно докази за да се утврди дека Sars-Cov-2 се проширил во Вухан пред декември 2019 година, рече Лианг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Холандската национална телевизија објави дека владата ќе одржи прес-конференција подоцна во текот на денот, на која ќе објави продолжување на ноќниот полициски час.

ХОЛАНДИЈА ГО ПРОДОЛЖУВА НОЌНИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Останува на сила до 2 март

Холандската влада ќе го продолжи ноќниот полициски час воведен поради ковид 19 до 2...

Тој исто така најави дека поради епидемиолошката состојба пописот планиран за април годинава ќе се одложи.

ХРВАТСКИ ДЕМОГРАФ ОБЈАСНИ: Имаме најголем број на смртни случаи од Втората светска војна

Професорот Иван Чипин од Катедрата за демографија на Економскиот факултет во Загреб...

Освен шверц на цигари и нафта, контроверзниот црногорски моќник Миодраг Дака Давидовиќ веќе подолго време работи и во областа на набавка и дистрибуција на големи количини на оружје и воена опрема за кои има оперативни податоци што треба да се пласираат на пазарите на земјите под меѓународно ембарго.

Дилер со оружје, инвеститор во Македонија: Дака нелегално ги снабдувал со оружје земјите под санкции

Контроверзен моќен човек на Црна Гора е под сомнение дека се справил со недозволен...

Солидарноста меѓу Велика Британија и ЕУ целосно исчезна и отстапи на општата борба околу тоа кој има повеќе права на десетици милиони дози произведени од британско-шведската компанија АстраЗенека.

Си-Ен-Ен го открива вакцинацискиот национализам во Европа: Срамна битка меѓу Лондон и Брисел околу вакцините од фабриката АстраЗенека!

Страшниот национализам за вакцинирање од кој Светската здравствена организација...