Ангеловска смета дека платите на администрацијата треба да се намалат зашто се работело преку еден ден.

Објавил: Стојче Бушин | 4 мај, 2020 20:31

АНГЕЛОВСКА: БДП годинава се очекува да падне 3,4 отсто во споредба со лани!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонската економија за оваа година ќе забележи пад од – 3,4 отсто поради корона кризата. Стапката на инфлација ќе има надолна ревизија и ќе изнесува 0,2 проценти, изјави денеска министерката за економија, Нина Ангеловска!

„Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност од -3,4 проценти со тоа што ефектите од корона кризата се очекува да бидат во второто тромесечие, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и одреден позитивен резултат“, рече Нина Ангеловска- Министерка за финансии.

Персоналиот данок на доход забележа пад од 11,7%.
Данокот на добивка забележа раст од 3,6%. Акцизите забележаа пад од 40% и царините имаа помала наплата за 26%, споредено со минатогодишниот април“ – вели Нина Ангеловска, министерка за финансии.

Ангеловска смета дека платите на администрацијата треба да се намалат зашто се работело преку еден ден.

„Сметам дека треба да има намалување од аспект на состојбата во која се наоѓаме, кризна ситуација во која сите заедно зборуваме дека треба да сносиме дел од товарот. Дел од товарот го носат и работниците од приватниот сектор кои што можеби овој период имаат намалени плати и кои загубиле работа.

Ако сето тоа го имаме предвид и ако ги имаме предвид и мерките кои значеа намалување на работните активности на администрацијата, односно работа од одма преку еден ден која што се имплементираше, товарот треба да го понесеме сите“ – смета Ангеловска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Вкупните приходи пак се помали за 24%, но зголемената акциза и подобрата наплата на придонесите спасиле падот да биде помал од очекуваниот, задоволна е министерката за финансии Ангеловска.

Овој месец се потрошиле за 11% повеќе пари, така што дефицитот во моментов изнесува 307 милиони евра!

Наплатата на данокот на додадена вредност продолжува да паѓа. Во мај се собрале за...

Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4% (53,7 милиони евра).

Алијанса за Албанците: Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија!

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза...

Со кој образ после ова ќе искочите и ќе зборите за работниците и сиромашните?

Јовановиќ: Ангеловска на работниците гледа како потрошна роба- со кој образ ќе излезeте и ќе се борите за сиромашните?

Советникот Бранимир Јовановиќ кој беше дел од тимот на министерот за Финансии Драган...