Тимот е доминантно женски, но балансот во советниците е воспоставен со надворешните експерти со кои ќе се советувам во полето на даночната политика и макроекономијата.

Објавил: Сара Фемина | 15 септември, 2019 17:36

Ангеловска го презентираше својот тим во кабинетот: Експертот Гацов и Петрески блиски соработници на министерката!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерската за финансии Нина Ангеловска денеска објави дека го формирала тимот на најблиски соработници.

Секогаш, секаде и се зависи од луѓето, од нивната волја, од нивниот потенцијал, верба, напорна работа, интегритет, дух, енергија. Еден од предизвиците со кои се соочуваме во професионалната активност е да ги одбереме луѓето со кои ќе работиме, соработниците околу нас кои ќе ни бидат поддршка и ќе дадат совет, луѓето на кои можеме да се потпреме и со кои ќе сакаме да се бориме, да решаваме проблеми и да менуваме“, сподели денеска новата министерка за финансии Нина Ангеловска.

„Верувам дека формирав професионален и енергичен тим, тим кој нема да прифаќа „не, тоа не може” без пред тоа да ги проба сите начини и креативни солуции. Тим кој е подготвен да ги стави сите свои капацитети во служба на државата, да се заложи максимално за да предизвика промени и да придонесе кон градењето на силна економија, прогрес кој ќе стои на цврсти нозе, кон подобрување на ефикасноста на нашето општество, кон елиминирање на административните стеги, кон продуктивно трошење на секој денар на граѓаните, кон креирање поволна клима за бизнисите, кон квалитетни услуги и пристап за сите граѓани, кон поквалитетен живот за сите нас.

Тим кој има широки интердисциплнарни познавања и меѓународно искуство и кој ќе биде посветен на постојано унапредување на фискалната транспарентност и фискалната дисциплина, вели министерката.

Тимот е доминантно женски, но балансот во советниците е воспоставен со надворешните експерти со кои ќе се советувам во полето на даночната политика и макроекономијата.

Шефица на кабинетот е Кристина Попова која доаѓа од една од најголемите светски ревизорски куќи, но со претходно работно искуство во Министерството за финансии.
Ивана Станковиќ е посебен советник за јавен долг и финансиски систем. Нејзината долгогодишна работа во менаџмент консалтинг во приватен и јавен сектор со посебен фокус на корпоративни финансии, како и работа во финансискиот сектор во областа на алтернативни инвестиции ќе биде од големо значење.
Олимпија Христова Заевска е посебен советник за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ. Сигурна сум дека Олимпија значајно ќе придонесе на патот кон економски развој и паметно финансирање на развојни проекти.

Проф. д-р Маријан Петрески (со теоретско и практично искуство во макро и развојната економија, а особено во делот на критичката анализа и креирањето на политики) и Г-дин Павле Гацов (еден од најпознатите домашни експерти за даноци, предавач на голем број обуки за даночната регулатива) се надворешни консултанти со кои ќе соработувам во областа на макроекономијата и даночните политики.
Анја Марија Макеска, е координатор на социјални медиуми и односи со јавност, и ќе се грижи за транспарентно и навремено споделување и информирање на јавноста за нашата работа.

Министерството за финансии е екипирано со квалитетни кадри со кои верувам дека сите од кабинетот ќе имаме одлична соработка и заедно ќе воведеме нова динамика на работење која ќе покаже брзи резултати“, додаде министерката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

“Пуцко Петрол“ е во сопственост на Исмаил Јахоски, кој 1996-2005 беше градоначалник од СДСМ, а од 2009 е градоначалник од ДУИ, на Пласница, најсиромашната општина во МК.

За фирма на градоначалник од ДУИ не треба лиценца за тендери

По случајот со Министерството за одбрана, кога пред две години порталот МКД.мк откри...

Ова го истакнува министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Македонската телевизија во кое додава дека одлуката на Владата покажува трезвеност и носење одлука врз основа на анализи, сознанија и оценети ефекти. Таа посочува дека за даночниот систем да биде праведен, треба интензивно да се работи на намалување на сивата економија, како и граѓаните да ја зајакнат довербата во институциите.

Прогресивниот данок ќе се стави на стен-бај

Прогресивниот данок не се укинува туку го ставаме во мирување. Во следниот период ќе...

Што можеме да очекуваме во вакви околности? Можеме да очекуваме предлагање на гломазен желботека-буџет кој би тежел околу 4 милијарди евра, според девизата "пиши, хартијата трпи се". И згора на тоа, можеме да очекуваме намалување на капиталните инвестиции кои носат развој, а во буџетот да има дуплирање на средствата за вработување на договор на дело во администрацијата, како предизборен обид на сметка на буџетот да се намали разочарувањето кај гласачите на коалицијата на СДСМ-ДУИ-Амди-ДОМ-Љубе-НСДП-Самка!, стои во објавата на Милошоски.

ПРЕДИЗБОРНАТА ТРКА ГО СТОПИРА БУЏЕТОТ НА МАКЕДОНИЈА – се ситнат денови и од ноември

Пратеникот Антонио Милошески од ВМРО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук профил напиша дека...