Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, пак,  ја потенцираше поддршката за развој на е-трговијата.

Објавил: Македонка Димкин | 25 ноември, 2020 11:24

АНГЕЛОВСКА: Ова е историски момент за е-трговијата и шанса да го забрзаме патот кон смарт општество

Фото/Текст извор: ©магазин

Воедно,  потребно е модернизирање и дигитализација на институциите за елиминирање на комплексните административни процедури, промотивни активности за зголемување на свеста, како и обновување на регулативата.

Тие препораки се дел од анализата за е-трговијата во државава што беше презентирана на отворањето на дводневната конференција за е-трговија „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“, што се одржува онлајн со над 300 учесници.

Во фокусот на конференцијата се предизвиците, можностите и ефектите од ковид-кризата кон бизнисите.

Анализата на прашалникот на е-купувачите  за влијанието на Ковид-19 врз потрошувачките навики покажува дека 18 проценти почнале да плаќаат сметки онлајн, 17 проценти почнале да користат владини е-услуги, 37 проценти купуваат значително повеќе он лајн, а 76 проценти ќе продолжат да купуваат со ист обем и по кризата.

За 59 проценти од е-трговците,  најголем предизвик претставува ниската дигитална писменост на населението, а  на второ место е наоѓањето соодветен кадар. Најголема бариера е ниското ниво на свест и навики за он лајн купување и  недовербата.

-Ова е историски момент за е-трговијата. Исклучителни времиња бараат исклучителна трансформација. Сега повеќе од кога било имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално општество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. С. Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина, истакна на отворањето претседателката на Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија Нина Ангеловска.

Сепак, дополни, жално е што сето ова се случува поради глобална светска пандемија која однесе над милион животи, остави милиони луѓе без работа и силно ја погоди светската економија.

Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, пак,  ја потенцираше поддршката за развој на е-трговијата.

– Горди сме што им помогнавме на повеќе компании преку е-трговијата да обезбедат раст и опстанок на нивниот бизнис. Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со Македонската асоцијација за е-трговија, поддржавме 40 компании да отворат свои нови продажни канали и продавници онлајн, рече Брнз.

На конференцијата ќе бидат презентирани најактуелните теми поврзани со ефектите од Ковид-19 врз работењето на бизнисите и нивна адаптација кон е-трговијата од почетокот на пандемијата, а дополнително ќе биде ставен акцент и на инклузивната дигитална економија преку претставување на инспиративни приказни на жените амбасадори за е-трговија на „UNCTAD“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дваесет медицински лица заболени на една клиника во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза. Или дваесет лица заболени на Клиниката за нефрологија.

Одговорност од бездушниците Филипче и Заев, 20 медицински лица заболени од корона од само една болница

Ситуацијата со корона вирусот е алармантна. Дваесет медицински лица заболени на една...

Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред 8 години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом.

ДСЗИ постапува според надлежностите во врска со случајот со д-р Асани

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен...

Секторот за заштита и спасување на Градот Скопје, нема повеќе потреба од опремата која треба да се донира, а истата е веќе испишана со завршниот попис за 2020 година.

ГРАД СКОПЈЕ СО ДОНАЦИЈА ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА ПРОТИВПОЖАРЕН БРОД ВО ОХРИД

На утрешната шеесет и трета седница, Советот на Град Скопје ќе одлучува за давање донација...