Со Холандија треба да одиграме како што го одигравме второто полувреме против Украина

Објавил: Македонка Димкин | 17 јуни, 2021 18:18

Ангеловски: Во второто полувреме покажавме дека заслужено сме на ова Европско првенство

Фото/Текст извор: ©24 Фудбал

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски е задоволен од настапот на своите фудбалери во второто полувреме, вели дека така треба да играме и против Холандија.

Македонија одигра меч со две различни полувремиња против Украина, лошо прво и одлично второ во кое не успеавме да го надополниме пропуштеното, па загубвме и на вториот меч.

„Одигравме меч со две различни полувремиња. Во првиот дел целта беше да одиграме попретпазливо, во второто тргнавме да изедначиме. Но примивме еден гол по прекин што е недозволиво, а и сантиметрите во ВАР одлуките беа на страна на Украина. Голот што го постигнаа тие за неколку сантиметри не беше офсајд, а од друга страна голот на Горан беше офсајд. Во второто полувреме покажавме зошто сме на Европско првенство, дека оваа Македонија има квалитет и заслужува да биде тука, а кога вашите навивачи ќе ве испратат со громогласен аплауз покажува дека сте одиграле навистина добар натпревар, но нас ни е криво што тоа не беше заокуржено и со позитивен резултат“, вели Ангеловски.

„На фудбалерите им кажав дека сме победени, но не сме поразени. Им кажав дека заслужено се во европскиот крем, заслужено се на Европското првенство и треба само така да продолжат како во второто полувреме и против Холандија за четири дена“.

„Фудбалерите се навикнуваат на овој начин на игра, притсокот кој го носи настапот на ЕП е минато. Се надеваме дека против Холандија ќе покажеме добра игра и ќе ги освоиме првите бодови на едно Европско првенство“.

„Со Холандија треба да одиграме како што го одигравме второто полувреме против Украина, веќе нема никаква бариера кај фудбалерите, сфатија дека можат, сфатија дека имаат квалитет, иако Холандија е апсолутен фаворит на тој меч, ние одиме да се надигруваме со нив“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Нашиот ас имаше бројни извонредни настапи во дресот на Џенова, по што бројни „фаци“ во италијанскиот фудбал предводени од Антонио Конте апелираа до Пандев дека има да покаже уште многу на терените и дека не треба да се пензионира.

Пандев донесе одлука, ќе игра уште една година!

Горан Пандев е подготвен да продолжи да игра фудбал уште една година, одлука што најдобриот...

„Игор Ангеловски самиот најави дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера и сега е време ние да ја почитуваме неговата одлука и да ја покажеме нашата благодарност за неговата работа и страст во сите овие години на чело на македонската А репрезентација“.

Благоја Милевски од 1. август нов селектор на македонската А репрезентација

Благоја Милевски од 1. август нов селектор на македонската А репрезентација Муамед...

Натпреварот против Холандија, утре со почеток од 18 часот, ќе биде 122. за 37-годишниот Пандев од неговото деби во националниот дрес во 2001 година во мундијалските квалификации против Турција.

Горан Пандев утре го игра последниот меч за Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев објави попладнево...