Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски. Средниот ред ќе го сочинуваат Аријан Адеми, Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас. „Најистурени“ ќе бидат Горан Пандев и Александар Трајковски.

Објавил: Перо Милчин | 13 јуни, 2021 17:30

АНГЕЛОВСКИ ГО ОДРЕДИ ПОЧЕТНИОТ СОСТАВ ЗА ДУЕЛОТ СО АВСТРИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски одлучи со кои единаесетмина ќе го почне натпреварот со Австрија.

На голот ќе биде Столе Димитриевски.

Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски. Средниот ред ќе го сочинуваат Аријан Адеми, Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас.

„Најистурени“ ќе бидат Горан Пандев и Александар Трајковски.

Премиерот Зоран Заев заедно со министрите за надворешни работи и за економија Бујар Османи и Крешник Бектеши пристигна во Букурешт.

Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас, напиша Заев на Фејсбук.

Македонските навивачи кои се наоѓаат во Букурешт ги одбојуваат последните минути пред стартот на историскиот натпревар на избраниците на селекторот Игор Ангеловски на Европските првенства и тоа против Австија.

Натпреварот ќе започне во 18:00 часот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Нашиот ас имаше бројни извонредни настапи во дресот на Џенова, по што бројни „фаци“ во италијанскиот фудбал предводени од Антонио Конте апелираа до Пандев дека има да покаже уште многу на терените и дека не треба да се пензионира.

Пандев донесе одлука, ќе игра уште една година!

Горан Пандев е подготвен да продолжи да игра фудбал уште една година, одлука што најдобриот...

„Игор Ангеловски самиот најави дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера и сега е време ние да ја почитуваме неговата одлука и да ја покажеме нашата благодарност за неговата работа и страст во сите овие години на чело на македонската А репрезентација“.

Благоја Милевски од 1. август нов селектор на македонската А репрезентација

Благоја Милевски од 1. август нов селектор на македонската А репрезентација Муамед...

Натпреварот против Холандија, утре со почеток од 18 часот, ќе биде 122. за 37-годишниот Пандев од неговото деби во националниот дрес во 2001 година во мундијалските квалификации против Турција.

Горан Пандев утре го игра последниот меч за Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев објави попладнево...