Последни информации

Објавил: Калина Мартинска | 19 јули, 2024 11:13

Ангелов: Најкритични жариштата на планината Серта и боровата шума на Пелистер

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дождот кој вчера попладнето падна во дел од регионите зафатени со пожари, помогна во гаснењето на дел од жариштата.

Сепак, активни пожарите на Серта на штипската страна во близина населото Драгоево .

Активен е и пожарот кај Росоман каде се гасне со еден романски и две словенечки летала.

Критични се и пожарите кај селото Драгоево, а се гасне и кај селата чашка и долнени.директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, рече дека огнената стихија се заканува и на боровата шума на Пелистер..Каде ќе се испратат хрватски канадери.

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата вечерва информираат дека нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак и дека сите критични објекти се безбедни.

Соопштението, велат оттаму, е заради „транспарентно и вистинито информирање“ откако во медиуми и на социјални мрежи имало објави во врска со пожарите во реонот на армискиот полигон Криволак.

Дека немало никави експлозии кај Криволак потврди и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Денеска имало 29 активни пожари, од кои 18 се изгаснати, а преостануваат 13 за гаснење.

Дождот попладнево помогнал да се совладаат пожарите кај Серта кај селото Драгоево, Калањево, во општина Коњче и кај Ново Село на планината Огражден. Но, во средината на Серта уште има траги на горење на кои службите ќе се фокусираат утре наутро, најави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

За утре останува да се гаснат пожарите на ловиштето на планината Серта, додека пожарот кај Битола се шири накај зимзелената шума на Пелистер. Има активни пожари во Росоман, Чашка, Зелениково и Студеничании други жаришта, информираше Ангелов.

Два полициски хеликоптера Mи-171 и Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици учествуваа денеска во гасењето на пожарите во државата. Ми-171 дејствуваше на планината Серта, на територијата на општина Неготино, на пожарот кај селото Подлес, на територијата на Кавадарци и на пожарот на територијата на Радовиш.

Како што соопшти МВР, за време на дејствувањето, хеликоптерот во 32 налети исфрли над 80 тони вода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.