Благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите, денес сите заедно живееме и функционираме.

Објавил: Сара Фемина | 17 ноември, 2019 10:39

АНГЕЛОВ: СДСМ го отвори патот кон иднината, благодарение на нив сите заедно живееме и функционираме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Нема поголем патриотизам и почит кон државата од она што се направи во изминатите 2.5 години за граѓаните и државата“, рече претседателот на партијата „Достоинство“ – Стојанче Ангелов, на трибина на СДСМ во рамки на кампањата „На прав пат“ во Делчево.

Ангелов на трибината во Делчево рече дека денес Македонија е држава за сите граѓани кои живеат во неа, без разлика на нивната вepcка и политичка припадност. Тој истакна дека благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите, денес сите заедно живееме и функционираме.

За не цели две и пол години Владата предводена од СДСМ успеа да ги реши најголемите прашања со нашите соседи и да го отвори патот кон иднината. Благодарение на политиките на Владата денес можеме да кажеме дека сме горди Македонци од Северна Македонија, а не Скопјани, како што бевме претходно.

За не цели две години, се реши проблемот не само со Грција и Бугарија, нашите соседи, туку се решија и внатрешните проблеми и мeѓy eтнички затегнати oднocи. 

Стојанче Ангелов е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.

Во годините по воениот конфликт е постојано деградиран во чиновите. Во јавноста активно се залага за правата на македонските бранители преку здружението „Достоинство“.
Политичката партија „Достоинство“ самостојно настапила на предвремените парламентарни избори во 2011, при што Стојанче Ангелов бил носител на листа во изборната единица број 3.

За претседателските избори во 2014, Стојанче Ангелов прв ја најави својата кандидатура како независен кандидат за претседател на Македонија, но поради големите политички притисоци, закани и заплашувања на граѓаните кои го поддржуваат не успеа да ги собере потребните 10.000 потписи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Аеросолите се ослободуваат дури и кога едно лице без симптоми издишува, разговара или пее, според д-р Мар и повеќе од 200 други експерти, кои ги наведоа доказите во отворено писмо до Светската здравствена организација“.

Д-р Даниловски: Вирусот се пренесува и преку воздух – вака да се заштитите од вирус што лебди

Истакнатиот епидемиолог проф. Д-р Драган Данаиловски на својот Фејсбук профил се огласи...

Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.

Симулација на безбедно гласање во пресрет на изборите на 15 јули

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска присуствуваше на симулацијата на гласачкиот...

На тоа Тачи вели дека всушност неговата изјава била извртена, односно суштината на неговата изјава била дека всушност Али Ахмети кој важи за политичар кој е подготвен на тенции, би можел да предизвика и војна доколку во Собранието нема Албански пратеници.

Тачи: Погрешно сум интерпретиран, не реков дека ќе има војна доколку нема Албанци во новата Влада

Во интервју на „Слободен печат“, лидерот на ДПА, Мендух Тачи,  ја објаснува изјавата...

Инаку денеска Комисијата за заразни болести на состанок утрово донела одлука од утре за влез во земјава да биде задолжителен ПЦР тест. Одлуката на Комисијата ја објави и министерот за здравство на фејсбук.

Филипче: Нема потреба од враќање на полицискиот час!

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека...