Стојан Андов откако ја прочита колумната на Фрчкоски како контра аргумент на изјавите во неговата книга, го потврди ставот дека се што напишал е вистина и од неа нема бегање

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 9:08

Андов останува на ставот дека Фрчкоски e одговорен за атентатот врз Глигоров

Фото/Текст извор: ©makfax/магазин.мк

Поранешниот (прв) претседател на Собранието на Република Македонија Стојан Андов рече дека стои зад се што напишал во неговата книга која ја брануваше јавноста.

Ова доаѓа особено по тврдењето дека организатори на атентатот на Киро Глигоров се поранешните функционери Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчкоски.

Тој прво одби да каже што напишал во книгата, а потоа за колумната на Фрчкоски во која тој му одговара за обвинувањата, Андов рече дека не чита колумни на Фрчкоски, а ги отфрли и обвинувањата на Мане Јаковлевски кој е еден од основачите на ВМРО – ДПМНЕ на дека токму тој е еден од виновниците за атентатот на Киро Глигоров

Откако прочитав дел од колумната напишана од Фрчкоски, Андов рече дека Фрчкоски како министер за внатрешни е директно одговорен што не е расветлено убиството.

Инаку Фрчковски во негов стил деновиве му одговори на Андов

Во време на атентатот на Киро, за тој трауматичен момент за нацијата и сите нас, посебно оние кои беа блиски до него – Стојан беше скандалозна невкусна, драма. Него само го памтиме како влетувач во кабинетот и фотелјата на Киро, следниот саат после атентатот кога сите бевме во шок и растрчани по болници и како разговара со Милошевиќ, а овој му нудел помош околу атентатот.

Целата конструкција и злоупотреба со оваа траума за нацијата Стојан ја насочува на лични освети и импутирања сомнеж и конспирации. Во таа смисла, тоа е монструозен безобѕирен гест, независно каква амбиција стои зад тоа. – напиша Фрчковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....