Интервју

Објавил: Калина Мартинска | 19 мај, 2024 10:56

Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ: Во „Министерството на Груби“ нема веќе фудбал

Фото/Текст извор: ©rse.mk

Министерството за политички системи ќе биде само за односи меѓу заедниците, најавува ВМРО ДПМНЕ. Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во партијата вели дека ВМРО-ДПМНЕ преговара и за формирање влада, но и за постигнување двотретинско мнозинство во Собранието.

Течат преговорите околу составот на идната Влада. Што е она што можете да ни кажете, кои сектори би им биле дадени на вашите коалициони партнери?

Веќе е навлезено во дискусија за програмските и кадровските решенија, не споделуваме детали за да останеме чесни кон нашите партнери од коалицијата а и тие се чесни кон процесот.

Не можам да кажам кои ресори, кадри, министерства иако секој би можел да има свој сопствен став на оваа тема. Да оставиме простор навистина да се направи договор кој ќе е квалитетен.

Колку партијата „Знам“ ќе биде дел од идната влада. Зборувате за преговорите меѓу вас и коалицијата „Вреди“, но што со „Знам“?

Дискусиите се како што кажавте директно меѓу ВМРО ДПМНЕ и движењето ВЛЕН и од таму ќе видиме какви ќе бидат констелациите. Она што ние се обидуваме да го правиме е да постигнеме поширок консензус за некои национални прашања и да стигнеме до тие потребни 80 пратеници за битни промени на законите кои се системски и бараат двотретинско мнозинство што значи дека дискусии ќе има и со други политички партии или пак поедини пратеници во собранието кои би биле заинтересирани за поединечни законски проекти.

Колку е чесно ова „пазарење“ со други пратеници со оглед на тоа што граѓаните ги гласале за програмите ко и тие ги нуделе во рамки на друга политичка опција?

Ова е легитимно прашање, но во овој случај се работи за дискусија за законски проекти кои се национално ниво и од национално значење. Не се од значење на една или друга политичка партија, туку може да е ре структурирање на државата кое ќе им одговара на сите граѓани. Не се централни кон една партија особено не кон ВМРО ДПМНЕ туку се поголеми национални проекти. Во нив многу често ќе видите и реформи кои ги бара и ЕУ, а се двотретински закони.

Тука зборувам и за правосудство и за организација на управата и за реформа на јавната администрација и бројни други закони. Мислам дека е чесен пристапот да не барате пратеници кои се ќе ви поддржуваат туку да барате пратеници кои ќе сакаат да се вградат во процесот и да дадат свои критики и забелешки и ако тие критики се легитимни и се прифатат тогаш ние би гласале и би го поддржале тој проект, вели Андоновски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.