
Македонија
Вести
Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани. Според првичните информации, тој се вратил да спасува деца и да им помогне и се изгубил во толпата. Владимир Блажев Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката, и е на кислородна поддршка, но е свесен. Двајцата се познати по хуманитарните акции во кои помагаа на сиромашни и болни.
Филип Стевановски, член на бендот ДНК загина во дискотеката во Кочани
Во пожарот загинаа пејачот на „ДНК“, Андреј Ѓорѓиески, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, пратечкиот вокал Сара Пројковска, клавијатуристот Филип Стевановски, инаку директор на Центарот за култура во Штип и Мартин Атанасовски, кој настапуваше со бендот како битбоксер.
Струмица се простува од сограѓанинот Ѓорѓи, тапанар на ДНК, кој загина во дискотеката во Кочани
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 луѓе, а 155 се повредени.
Познаниците, колегите, роднините, пријателите… се простуваат со Андреј со познатата песна од ДНК „Ако утре ме нема“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.