Дури 14,2% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 13,0% ќе гласаат за СДСМ

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 22:12

АНКЕТА: Младите ќе ги дадат своите гласови за Силјановска

Фото/Текст извор: ©мгазин.мк

Според анкетата „МАРКЕТ ВИЖН“, спроведена по барање на Пресинг ТВ, доколку утре се одржат парламентарни избори (за избор на влада) на прашањето за која партија би гласале , резултатите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред СДСМ.

Анкета на Пресинг ТВ, за која партија би гласале доколку денес има парламентарни избори

Дури 14,2% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 13,0% ќе гласаат за СДСМ, за Алијансата на Албанците 3,1%, додека за ДУИ 2,8%, за БЕСА 1,2%, за ГРОМ 0,6%, додека НЕ ЗНАМ одговориле дури 23,5% од испитаниците.

„Не сакам да откријам/кажам“ одговориле дури 23,7%, додека нема да излезат на гласање 16,5%.

За друга партија ќе гласаат 1,3% од испитаниците.

Пресинг ТВ спроведе анкета и за претседателските избори , а резултатите покажуваат дека Гордана Силјановска Давкова ужива најголема поддршка кај граѓаните. Дококу се гледа по старосни групи, односно возраста на испитаниците, за професорката ќе гласаат најголем дел од младите лица во земјава. Младите од 18 до 29 години, на претстојните избори на 21 април ќе гласаат за Силјановска Давкова односно 3,4% од младите ќе го дадат гласот за неа а само 1,9% од испитаниците ќе гласаат за Пендаровски. Блерим Река ќе добие поддршка од 1,3% млади гласачи.

На следната старосна граница, односно испитаниците на возраст од 30 до 39 години, Силјановска Давкова исто така има најголема доберба. Од нив, за професорката ќе гласаат 2,8%, за Пендаровски 2,5%, а за Река 2,4.

Кога станува збор за партиите, младите се повеќе наклонети кон ВМРО-ДПМНЕ, отколку кон СДСМ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев ми дава 25.000 евра во кеш.

ГЕРОСКИ НАЈАВУВА ТУЖБА: Миленко Неделковски има “ВИДЕО” каде Камчев му дава на Героски 25.000 евра во кеш?

Новинарот Бранко Героски вечерва на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико...

Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство, прашува Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: “Заев ја избра Русковска за шеф на СЈО, БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, НИ ВЕЃА ДА МУ МРДНЕ”

Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството...

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител. 

КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа зборуваше за тоа дека...