Професорката Гордана Силјановска сака да биде претседател на Република Македонија - Стеов Пендаровски пак на Република „Северна„ Македонија.

Објавил: Македонка Димкин | 7 март, 2019 0:35

АНКЕТА – ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала.

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала.

Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Струга на 16,02,2019  Гордана Силјановска-Давкова беше избрана за претседателски кандидат


Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен кандидат за Претседател на Република Македонија.

Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен кандидат за Претседател на Република Македонија.

По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.

Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.

Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи.


Оваа Анкета не  е обврзувачка и ќе трае до 10 март 2019 до 23ч. Секој посетител може да гласа само еднаш, секој нареден пат системот го блокира. Гласањето е анонимно и не се собираат податоци за читателот.

[yop_poll id=16]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анкета

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти!

Активни 18.909 случаи, хоспитализирани 616 ковид пациенти

Во државава вчера беа региистрирани 18.909 активни случаи со Ковид-19, од кои најголем...

Анкетата на Детектор покажува дека речиси 40 отсто од граѓаните половина од својот месечен буџет го трошат нисклучиво на храна.

Детектор: Две третини од граѓани не можат да си ги покријат месечните трошоци со платата

Речиси две третини од граѓаните не можат да ги покријат месечните трошоци со своите...

Анализата на Евротинк покажува дека за разлика од лани, негативното мислење за Бугарија се зголемило за 20 проценти, односно од 0,5 отсто во 2018 година, сега изнесува 23,1 проценти, со што, според претставници на Евротинк, таа ја заменува традиционалната позиција на Грција.

Македонските граѓани сметаат дека Бугарија е наш најголем непријател

Најголем дел од македонските граѓани сметаат дека најголем надворешен непријател...