На 9 март 2019 на полноќ  заврши собирањето потписи за кандидатите за претседател на државата. Сигурни кандидати се Гордана Силјановска , Стево Пендаровски и Блерим Река.

Објавил: Македонка Димкин | 11 март, 2019 2:13

АНКЕТА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ– ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На 9 март 2019 на полноќ  заврши собирањето потписи за кандидатите за претседател на државата. Сигурни кандидати во претседателската трка се Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.


Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала.

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала.

Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Струга на 16,02,2019  Гордана Силјановска-Давкова беше избрана за претседателски кандидат


Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар.

Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен кандидат за Претседател на Република Македонија.

По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.

Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.

Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи.


РЕКА, БЛЕРИМ (22 мај 1960). Научник и правен експерт. Блерим  Хамзе Река е роден во Скопје, каде и што посетувал училиште.

РЕКА, БЛЕРИМ  е роден на 22 мај 1960. Тој е Научник и правен експерт. Блерим  Хамзе Река е роден во Скопје, каде и што посетувал училиште. Според неговата официјална биографија, Река дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина, Косово.

Магистрирал, во Приштина  а докторирал на истиот Универзитет и на Универзитетот во Грац, Австрија. 

Моментално работи како редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа. Од 2006 до 2010 е амбасадор на Мисијата на РМ при Европската Унија. Белрим работи и како новинат за Рилиндија

На Универзитетот на Југоисточна Европа бил декан на Факултетот за јавна администрација, Проректор и Заменик-ректор за истражување.


Оваа Анкета на јавното мислење не  е обврзувачка и ќе трае до 31март 2019 до 23ч. Секој посетител може да гласа само еднаш, секој нареден пат системот го блокира. Гласањето е анонимно и не се собираат податоци за читателот. Доколку гласате сепка двапати ке ја добиете пораката: Vote not allowed (Гласањето не е дозволено)

За кого ќе гласате на претстојните Претседателски Избори 2019?
1658 votes · 1658 answers

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анкета

Тевдовски: Главниот приоритет на Владата бил платите да растат, бидејќи животниот стандард на мнозинството граѓани, кои немаат приходи од капитал, зависел од платите.

Анкета на јавното мислење: Колкаво е твоето месечно примање (ПЛАТА)?

Политиката на зголемување на платите е приоритет на Владата. Затоа преземаме низа...

Професорката Гордана Силјановска сака да биде претседател на Република Македонија - Стеов Пендаровски пак на Република „Северна„ Македонија.

АНКЕТА – ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ?

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование...

Професорката Гордана Силјановска сака да биде претседател на Република Македонија - Стеов Пендаровски пак на Република „Северна„ Македонија.

АНКЕТА – ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ?

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование...

Магазин редовно спроведува онлајн Анкети со цел да допреме до некоја можна реална бројка. Гордана Силјаноска е првиот сигурен кандидат, останатите се моќни кандидати

АНКЕТА: За кого „БИ„ гласале на претстојните претседателски избори?

Македонските претседателски избори од 2019 година — шести претседателски избори...