Синоќа

Објавил: Калина Мартинска | 12 јуни, 2024 20:53

Ансамблот „Танец“ на достоинствен начин одбележа 100 години од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски

Фото/Текст извор: ©novamakedonija.mk/Фото: М.Т.

100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски, еден од легендарните македонски музичари од сферата на народната музика, ќе биде одбележана со концертот наречен „Седенка се збира“ кој ќе се одржи синоќа во Македонскиот народен театар.

Во годината кога националниот ансамбл „Танец“ одбележува 75 години постоење, на својата публика кај нас и во светот, ѝ приредува бројни концерти за паметење. Еден од нив се случи вчеравечер во Македонскиот народен театар во Скопје, насловен „Седенка се збира“, кој беше посветен на 100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски (1924-2006), легенда на македонската народна музика, на која ѝ го посвети целиот свој живот, оставајќи неизбришлива трага во работењето на „Танец“, но и во македонската култура вопшто.

Најпрво го погледнавме документарниот филм за неговиот живот и работа, за кој сценариото го напиша м-р Бранка Костиќ-Марковиќ, уметнички раководител на сценско-ументичка дејност во ансамблот, а користени се видеоматеријали од „Танец“, МРТ, „Телма“ и од приватната архива на семејството Димчевски.

Па така, потсетувајќи се за големината на Димчевски, дознавме дека од вкупно 50 творечки години, четврт век бил раководител на оркестарот во „Танец“, солист на виолина и тамбура, мелограф, аранжер на песни и инструментални мелодии, но и автор на музички обработки на цели кореографии, од кои во живо ги проследивме: „Водарки“, „Осоговка“, „Маровска тресеница“ и „Жетварка“, отсвирени и одиграни од Народниот оркестар и од игроорците на „Танец“.

Од машките од од женските пејачки групи слушнавме и сплет на народни песни, запишани, обработени и сочувани од заборав токму од Ѓорѓи Димчевски, повеќето сочувани и во неколкуте книги што ги напишал, меѓу кои е и „Вие се оро македонско“, како што се: „Не се бели Маре мори“, „Елено ќерко“, „Ој Јано, Јано“, „Марика мома убава“, „Не стој Доне, Донке“…

И уште еднаш се уверивме во вонвремеската убавина на македонскиот фолклор, со кој од колено на колено, од генерација на генерација, продолжува да се раскажува македонската автентична, не само музичка, туку и идентитетска приказна.

Убавината на музиката, но и изведбата на ората, на носиите, стаменоста на игроорците, не само што ги раздвижија дамарите во нашите души, туку уште еднаш го запалија она оганче, што сѐ уште кај сите нас ја чува жива љубовта за Македонија и за нејзината културна вредност, препознаена и во светски рамки, и преку настапите на „Танец“.

Многу достоинствено и свечено му беше оддадена почит на Ѓорѓи Димчевски, баш онака како што заслужуваат луѓе како него, кои целиот свој живот го посветија на зачувувањето на чистотата на македонските фолклорни бисери.

Со видеообраќање присутните на концертот ги поздрави неговиот син Благоја, меѓународно познат виолинист, педагог и концерт мајстор, кој денес живее и работи во Франција. Внуката Марија, ќерка на Благоја, е пијанистка, а синот Александар е исто така виолинист и камерен музичар.

Синот на Ѓорѓи Димчевски, Благоја, ги поздрави присутните со видеообраќање/Фото: М.Т.

Но и неговиот брат Кире, кој е починат, свирел на пијано и благодарение на својот впечатлив тенор членувал во октет „Македонија“ и во хоровите на Македонското радио и на Македонската опера. Неговиот син, Ѓорѓи, кој го носи гордо името на дедо му, е врвен виолинист, а живее и работи во Шпанија, со настапи низ целиот свет, а сестра му Весна е пијано-педагог и живее во Холандија. И нејзе ја слушнавме во видеообраќање, каде се потсети на својот дедо и на тоа како од него научила дека дисциплината е најважна, за да успеете во професијата.

На изненадување на сите, Весна, која допатува од Холандија, ја видовме и на сцената, каде ѝ беше дадена благодарница од „Танец“, што ѝ ја врачи директорот на ансамблот Мартин Вучиќ.

– Во име на цела фамилија Димчевски, што се тука во салата вечерва, и во мое, се заблагодарувам на оваа голема чест, на организирањето на овој прекрасен концерт. На „Танец“ му посакувам уште успеси на светска сцена, и да продолжиме да уживаме во неговите настапи, бидејќи тој е македонска гордост – рече Весна, видно возбудена, заблагодарувајќи се.

Да се надеваме дека во иднина и други заслужни македонски културни дејци, нема да бидат заборавени, бидејќи без вакви големи луѓе, како што е Ѓорѓи Димчевски, кои за идните генерации го сочуваа македонското творештво, нашата сегашност, но и иднина би биле многу посиромашни.

Ѓорѓи Димчевски, еден од легендарните македонски музичари од сферата на народната музика, кој остави неизбришлива трага во историјата на ансамблот „Танец“ и во македонската музичка култура, воопшто.

Во „Танец“ се вработил во 1954 година и на тоа место останал до крајот на својот работен век, до 1978 година, кога се пензионирал. Цели 25 години бил раководител на оркестарот, солист на виолина и тамбура, аранжер на песни и инструментални мелодии, но и автор на музички обработки на цели кореографии. Исто така, бил и одличен свирач на зурла, меѓу другото и на антологиското оро „Тешкото“. Со „Танец“ патувал насекаде низ светот, ширејќи го автентичниот македонски фолклор, а како инструменталист и автор на бројни музички обработки, тој е недвосмислено еден од значајните културни дејци, кои зад себе оставиле препознатлив печат во македонската музичка историја. Во архивата на „Танец“ е забележано дека меѓу авторите на музички обработки за сите 75 години, Ѓорѓи Димчевски е на водечкото место, со 25 регистрирани кореографии. Неговото име стои зад антологиските постановки: Мариовска тресеница, Осоговка, Жетварка, Водарки, Тропнало оро, Цвеќеберачки, Солунка, Русалии и др. Исто така, за време на својот богат творечки век, запишал и мелографирал неколку стотици македонски народни мелодии и објавил неколку книги со народни песни и ора, „Вие се оро македонско“, „Седенка се збира“, „Македонски ора“, „Ајде да пееме заедно“. Ваквиот богат творечки опус, за ансамблот Танец, но и надвор од него, не обврзува да му приредиме музичко-сценски настан во чест на 100 годишнината од неговото раѓање, што ќе биде достоен за неговата големина. Програмскиот фокус е ставен на кореографското творештво, но и на неколку вокални, инструментални и вокално-инструментални сплетови, составени од прекрасни народни мелодии, коишто биле предмет на неговите музички обработки. На концертниот дел од програмата ќе ù претходи документарен видео осврт кон неговиот за живот и дело, за што се користени на архивски материјали од Танец, МРТ и приватната колекција на семејството Димчевски.

ТАНЕЦ – 75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД

Основан во март 1949 година во Скопје, ансамблот Танец веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура, и недвосмислено, еден од главните темели на македонската државност. Формиран со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните инструменти и носии носии, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претстави највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ, тој е денес една од најблескавите страници на македонската културна историја. Благодарение на сите генерации што ја градеа и реализираа јасно поставената програмската активност на основачите, ансамблот низ годините се развиваше и прерасна во институција за почит, издигнувајќи се на нивото на уметничка извонредност и симбол на културна раскош пред публиката ширум светот. Како подвижен музеј на нашето културно богатство, ансамблот во текот на овие 75 години остави белег на најпрестижните сцени во сите светски метрополи, на сите континенти и остварувајќи над 5000 незаборавни концерти. Репертоарот на Танец има над 90 кореографии и неколку стотици вокални и инструментални творби, преку кои ансамблот ги претставува разновидните музички и кореографски традиции од сите региони каде што се создавал богатиот македонски фолклор. Во фундусот на Танец се наоѓа уникатна збирка од 3000 автентични носии со исклучителна вредност и убавина, па оттука, секој настап на Ансамблот е посебно аудио-визуелно доживување. Денес, НУ Ансамбл за народни игри и песни Танец е модерна институција со приближно 100 вработени. Оваа година славиме голем јубилеј и додека ја одбележуваме оваа значајна отсечка во времето, ја имаме на ум целокупната седумиполдецениска посветеност и страст на сите генерации извонредни играорци, песнопојци, свирачи кои оставиле драгоцен дел од својот живот во Танец. Нивната непоколеблива заложба за зачувување и промовирање на македонските народни традиции, не само што го збогати македонскиот културен пејсаж, туку послужи и како транскултурен и сеопшт катализатор за дијалог и единство во глобални рамки. Нема да е претерано ако кажеме дека недвосмислената убавина на нашиот фолклор е вистински бисер во герданот на светското културно наследство, а Танец важна негова алка. Танец е наша и светска гордост, Танец е македонскиот идентитетски код (што е и слогант под кој ја прославуваме 75-годишнината), Танец е длабок печат во светската културна меморија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

По полноќната литургија, Путин исто така кратко разговарал со старешинскиот храм Николас Бридин и му ја подарил иконата како подарок.

Путин го прослави Божиќ во родниот град: Милиони луѓе денеска чуствуваат радост(ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе Божиќ на граѓаните на Русија, им...

Општо познато е дека арапските земји, земјите од блискиот Исток и азиските држави се фасцинирани од македонскиот народен мелос кој редовно го имаат во својот репертоар

Хор од Јордан ја пее „Македонско девојче“ (видео)

Хорот од кралството Јордан, „Dozan Wa Awtar”  во Вашингтон, САД ја испеа македонската...

Британски уличен уметник им одржа лекција на т.н. "проценители" на уметнички дела, со тоа што откако успеа да постигне рекордна цена за свое дело го уништи пред нивните очи

Уличен уметник продал слика за 1.36 милиони долари, а потоа ја уништил (видео)

Бенкси, британски уличен уметник, ги шокира сите кога го уништи неговото дело “Девојка...

Песната "Команданте" која Кустурица ја изведе за прв пат во 2017 година ја посвети на рускиот министер за одбрана и негов пријател Сергеј Шојгу

Кустурица му посвети песна на рускиот министер за одбрана

Српскиот режисер и музичар Емир Кустурица му посвети песна на рускиот министер за...