
Македонија
Вести
Од МНР се децидни дека членовите на Антикорупциска не влегуваат во лицата кои имаат задолжително право на дипломатски пасош, освен ако министерот не одлучи дека за тоа има потреба.
Барањата за дипломатски привилегии од Антикорупционерите трет ден ја брануваат македонската јавност, откако првата антикорупционерка Татјана Димитровска откри дека веќе добила дипломатски пасош, а останатите шест членови уште во април исто така поднеле барање, со образложение дека често патувале.
Од МНР се децидни дека членовите на Антикорупциска не влегуваат во лицата кои имаат задолжително право на дипломатски пасош, освен ако министерот не одлучи дека за тоа има потреба. Ваков бил случајот со дипломатскиот пасош на Димитровска за кој информиаат дека го добила со „амин“ на екс-министерот Бујар Османи, што е спротивно на нејзините тврдења во јавноста дека ваквата привилегија и следувала.
„ Во однос на останатите членови на ДКСК Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи “ – велат од МНР.
ДКСК преку соопштение за јавноста тврдат дека чл. 11 од Законот за патни исправи им овозможува дипломатски пасош кој според нив не претставува привилегија, туку нивно право кое велат дека никогаш нема да се употребува за приватни цели.
„ За да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност го повикуваме и новиот министер за надворешни работи да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа“, потенцираат од комисијата.
Според поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска, со ваквото постапување актуелните членови, кои пет месеци се на оваа функција, го нарушуваат угледот на Антикоруписката комисја, која вели треба да биде пример за домаќинско и скромно работење.
„ Бидејќи тие се фатија дека зборуваат спротивно на фактите, со македонси зборови кажано лажат мислам дека не го заслужуваат местото антикорупционери во услови кога зборуваат спротивно на она што е реалност. самиот закон за патни исправи вели дека дипломатски пасош може да има лице кое има дипломатски статус или придонесува за унапредување на диплоамтските односи, тука во прашање не е само барањето на ДКСК туку и одобрувањето од страна на министерството за надворешни, исто така е прашање, очигледно е дека се користи дискреционо право на раководното лице во случајов поранешниот минситер да доделува дипломатски пасоши“- Билјана Ивановска – Поранешна претседателка на ДКСК
Од ДКСК тврдат и дека иако имаат потреба, досега до ниту една државна институција не испратиле барање за доделување на службени автомобили на членовите на ДКСК.
https://www.youtube.com/watch?v=tXd8_XRdbT
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.