Непостапувањето и инертноста на Антикорупциска комисија во повеќе наврати, како и чувањето на предмети во фиоки, експлицитно покажува дека во Македонија не постојат никакви контролни механизми над режимот на Заев и сите институции се окупирани од самоволието и криминалните политики на владејачкиот естаблишмент.

Објавил: Перо Милчин | 22 декември, 2020 20:58

Антикорупциска комисија молчи за вработувањата во М-НАВ на “антикорупционерот” Љупчо Николовски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако уште пред две години актуелниот вицепремиер за борба против корупција – Љупчо Николовски призна дека лице со кое е во роднинска врска е вработено во М-НАВ, Антикорупциска комисија се’ уште нема отворено предмет за овој случај. Деновиве повторно се актуелизираа овие сомнителни вработувања, откако во јавноста беа споделени информации дека покрај чичкото на Николовски, во оваа државна компанија вработен е и неговиот братучед.

Оваа компанија е претворена во партиско биро за вработување на роднини на високи функционери во последниве неколку години, додека секоја нова влада си назначува свои послушници и блиски лица за плати над петкратно поголеми од просечната.

Така, во јавноста беа спомнувани и роднини на пратеници и директори вработени во оваа компанија, како и роднини на поранешниот министер Горан Сугарески, додека за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет за сестра на министерката Рената Дескоска. 

Иако и од самиот Синдикат претходно апелираа дека за систематизацијата на работни мести воопшто не се консултирани и вработувањата се вршат по нарачка, Антикорупциската комисија предводена од Билјана Ивановска две години нема отворено ниту еден случај за спорните вработувања и сомнежи за непотизам во оваа компанија – задолжена за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.

Децениското недомаќинско работење со државните компании, цедењето државни пари, како и поставувањето нестручни кадри по пат на непотизам придонесоа за катастрофален квалитет и реализација на јавните услуги поради што сведочиме најави за приватизација на голем дел од државните претпријатија кои беа вештачки донесени во долгови и неликвидност од корумпираните власти.

Непостапувањето и инертноста на Антикорупциска комисија во повеќе наврати, како и чувањето на предмети во фиоки, експлицитно покажува дека во Македонија не постојат никакви контролни механизми над режимот на Заев и сите институции се окупирани од самоволието и криминалните политики на владејачкиот естаблишмент.

Доколку оваа комисија продолжи да биде соучесник во скандалозното работење на ваквата криминогена структура, Левица не ја исклучува можноста претседателката Билјана Ивановска да биде повикана своето (не)работење да го елаборира во Собранието на Република Македонија пред народните избраници. 

ЛЕВИЦА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...