Антикорупциска отвара предмети по допрен глас

Објавил: Узунов Бобан | 20 март, 2019 14:06

Антикорупциска се активира предизборно, отвара предмети за Матка и вработувања во АВМУ

Фото/Текст извор: ©магазин

Државната комисија за спречување на корупција отвори два нови предметa по кој ќе постапува по допрен глас – случајот Матка и корупцијата во политиката која се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на изборен процес.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека за двата отворени предмета ќе бараат информации односно документи од општината Сарај, односно од АВМУ. Во однос на случајот Матка одлучиле да постапуваат бидејќи, како што рече, институциите се прогласиле за ненадлежни. 

Тајниот инвеститор на дивоградбите на кањонот Матка – преку институциите прави обид да ги легализира нелегалните градби. Од општина Сарај и официјално доставиле допис до Државниот градежен инспекторат дека за дивоградбите има поднесено барања за легализација, но и дека има донесено решение за легализација. Без да прецизираат дали е позтивно или негативно. Сосема спротивно на владините заложби за транспаретност и отчетност, градоначалникот Блерим Беџети, и директорот на градежен инспеторат Локман Лимани – не даваат детали од записниците направени пред десетина дена.

Ивановска најави дека можно е да отворат предмет и за случајот со плажите во Струга.

На новинарско прашање до каде со 18 предмети за судир на интереси отворени на 18 јануари годинава, информира дека два предмета се затворени.

Во првиот случај за вработувањето на ќерката на пратеничката Емилија Александрова во Фондот за иновации и технолошки развој добиле инфрормација дека таа воопшто не конкурирала таму. Во вториот случај – за сопругата на поранешниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, истакна дека добиле информации оти таа била ангажирана со договор на дело како наставник во основно училиште две години, по што по автоматизам и се трансформирал работниот однос во редовен работен однос.

За вработувањето на ќерката на претседателот на Парламентот, Талат Џафери во ЕЛЕМ, Ивановска истакна дека тие добиле информации од компанијата, но ги сметаат за недоволни.

Појасни дека според стручноста, ќерката на Џафери има завршено Правен факултет, магистрирала со 10 и поседува правосуден испит, но дека не се знае по кој критериум била избрана на конкурсот за вработување, и нема информации за останатите кандидати кои се пријавиле на конкурсот.

Запрашана за тоа дали со распишаните тендери во Собранието за време на избори се крши Изборниот законик, таа нагласи дека се што е во рамки на редовно извршување на работите не се смета за прекршување.

Најави дека ДКСК планира да спроведе поопсежна анализа во однос на систематизацијата на вработувањата во јавните компании.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев ми дава 25.000 евра во кеш.

ГЕРОСКИ НАЈАВУВА ТУЖБА: Миленко Неделковски има “ВИДЕО” каде Камчев му дава на Героски 25.000 евра во кеш?

Новинарот Бранко Героски вечерва на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико...

Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство, прашува Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: “Заев ја избра Русковска за шеф на СЈО, БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, НИ ВЕЃА ДА МУ МРДНЕ”

Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството...

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител. 

КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа зборуваше за тоа дека...