Младата пејачка, која беше една од 18-те странски изведувачи на фестивалот, ги освои симпатиите и на публиката и на жирито, а доказ за тоа е освоеното 2. место.

Објавил: Сара Фемина | 2 март, 2019 17:09

Антониа Гиговска- Македонска ѕвезда со ангелски глас го обори во транс жирито на Пинкови звездици !!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Музичката звезда од Македонија, Антониа Гиговска која се претстави синоќа на натпреварувањето на „Пинкови ѕвездици„ со својот ангелски глас жирито го обори во транс.

Во вчерашното издание во натпреварувачкиот круг на „Пинкови звездици„ Антониа Гиговска ја изведе песната од познатиот македонски пејач Пепи Бафтироски „Ако грешам нека изгорам„ а жирито не можеа, а да не го искоментираат нејзиниот маестрален настап, пред српската публика.

Жирито коментираше дека Антониа има извонреден глас и дека преубаво пее. Додека пак пеачката Гоца Тржан искоментира дека ја обожава македонската музика во секоја смисла.

Антониа Гиговска може да се пофали со многу успеси и голем број на награди во нејзината музичка кариера.

Кога станува збор за музиката, Антониа Гиговска може да се пофали со многу успеси, почнувајќи од учеството на „Пинкови ѕвездици“, учеството во мјузикалот „Тајно моја“ за Тоше Проески, го освои второто место на фестивал во Романија, а претходната година извојува победа и на Макфест.

Антонија Гиговска изминатиов период престојуваше во Романија, а поводот за тоа беше учеството на јубилејното 50. издание на популарниот романски фестивал „Златен елен“ кој се одржува во градот Брешов.

Младата пејачка, која беше една од 18-те странски изведувачи на фестивалот, ги освои симпатиите и на публиката и на жирито, а доказ за тоа е освоеното 2. место.

Еј ридови, сини мориња
Ти не плачи мајко што сум далеку и сам, и не кревај магли, силни јадови, -својот пат, затрупан, сеуште го знам, -ако згрешам, нека изгорам. Еј ридови, сини мориња,
сам ќе морам да ве пробијам,, еј кораби, назад пловете,
ако згрешам, нека изгорам. Ќе препливам води, назад ќе се вратам пак, во градиве едра, распнувам за пат, огнови високи, сам ќе изодам, ако згрешам, нека изгорам.
Еј ридови, сини мориња, сам ќе морам да ве пробијам,
еј кораби, назад пловете, ако згрешам, нека изгорам.

Легендарната македонска песна „Ако згрешам нека изгорам“ , за првпат ја отпеа Пепи Бафтировски. Специјално за него музиката и текстот ја направија браќата Брбаровски а аражманот го направи македонската прва хармоника маестрото Милан Завков. 

Песната за првпат беше изведена на Фестивалот за народна Музика „Фолк Фест Вландово„ во 1988 година

Бафтировски кој важеше за еден од нашите најуспешни фолк-пејачи во 2003 година со семејството се пресели во Чикаго. Пет години подоцна му беше дијагностициран рак на белите дробови и почина на 66-годишна возраст.

Во Америка се пресели со сопругата Ава Керш со која има две деца,  ќерката Марина и синот Емил. Кратко време по иселувањето познатата естрадна двојка се разведе, но Пепи и Ава останаа пријатели до крајот на неговиоит живот.

Она што фасцинира  е дека младата Антонија  ја избра токму оваа песна , во која е опишан македонскиот печалбарски живот.

Погледнете го нејзиното синоќешно врвно пеење, пред публиката во Србија:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Уште еден голем концерт на амбасадорот на македонскиот фолклор- Танец во четврток во Прилеп

Под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“, на 4 ти јули во четврток...

Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар од тапанот и при првиот чекор на ороводецот ни заигруваат срцата, ни затреперува телото.

Седумдесет години „ТАНЕЦ“ – амбасадор на македонскиот фолклор насекаде низ светот!

„Танец“ — aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, основан во 1949 година. Со своето...

Два черепи во заедничка гробница се откриени на археолошкиот локалитет Долченица. Овие денови археолозите пронајдоа нови артефакти.

Откриени два черепи во заедничка гробница на археолошкиот локалитет Долченица!

Новиот експресен пат Штип – Кочани откри богато археолошко наоѓалиште, пишува тв 24. Два...