
Забава
Интересно
Шпанскиот актер Антонио Бандарас објави дека е позитивен на ковид-19.
„Сакам да објавам. Принуден сум да го прославам 60-тиот роденден во карантин, бидејќи сум позитивен на ковид-19, што го предизвикува коронавирусот.
Се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното и сигурен сум дека ќе се опоравам што е можно поскоро. Се надевам дека препораките на лекарот ќе ми помогнат да ја надминам оваа болест која влијаеше врз мене, но и на толку многу луѓе во светот”, напиша тој на Твитер.
Хозе Антонио Домингез Бандера , познат како Антонио Бандерас, е шпански филмски глумец, режисер, продуцент и пејач.

Покрај глумата, бандерас направил успешна кариера и во индустријата со парфеми, станувајќи заштитно лице на брендовите Puig и Antonio Banderas Fragnances.
Атентатори, Евита, Интервју со вампирот, Филаделфија, Десперадо, Маската на Зоро и други. Исто така, бандерас настапувал и на Бродвеј, каде играл во мјузиклот „Девет“ (Nine).
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.